Рубрика: Медицина
THYNC RELAX – ослободување од стресот за 10 минути
Автор: Калина С. Андонова
Објавено на 09.07.2019 - 14:45

Thync е мал уред со триаголна форма којшто се поставува на главата или на коренот од вратот и со помош на ултразвук помага во намалување на стресот. Уредот првпат се појави на пазарот пред две години и оттогаш до денес има повеќе изведби – за поставување на ‘рбетот на коренот од вратот, за поставување на главата, а некои негови изведби, како THYNC RELAX, се носат околу вратот, како еден вид слушалки.

Уредот ги стимулира нервите кои делуваат на адреналинскиот систем. Целта е да им помогне на луѓето да се релаксираат и да се опуштат по напорниот ден,  со цел да се ослободат од негативните мисли и насобраната негативна енергија, но секако дека тој може да се користи и во текот на денот. За да се почувствуваат ефектите потребни се само 10 минути. Делувањето на уредот е во вид на нежна масажа. За време на употребата, преку смартфон апликацијата може да се менува интензитетот на делувањето.

Откако ќе го ставите овој мал уред на коренот од вратот, по само 10 минути дефинитивно ќе се чувствувате поинаку. Ќе бидете толку релаксирани што ќе посакате веднаш да заспиете. Според Thync, ефектите  се различни кај различни луѓе, но некаде 75 до 80 % од луѓето кои го користеле, велат дека се чувствуваат одлично и дека уредот делува зачудувачки брзо.

“Целна група се луѓето кои едноставно сакаат да се исклучат од сè. Идејата за создавање еден вид ваков уред е стара, но креирањето гаџет како решение за стресот е новина.”– велат од компанијата.

Ефектот на употреба на гаџетот со тек на време станува уште подобар затоа што тој се приспособува на потребите на корисникот, лесно се употребува и не е многу скап.

Клучни зборови: