Рубрика: Информатика
Гугл помош при користење на јавниот превоз
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 08.05.2019 - 12:15

Патувате секојдневно со воз или автобус? Или можеби живеете во град којшто има посовршена мрежа на јавен превоз од нашиот со достапни трамвај, метро, автобус, фери... Минатиот месец стигна најава дека наскоро Google Maps ќе може ни помогне да патуваме поудобно во возовите, автобусите и метрото. ОК, не баш тука, кај нас, сега и веднаш, но и ние патуваме по белиот свет, нели?

За што се работи? Споменатата апликација на корисниците во реално време ќе им доставува информации за достапноста на слободни места во превозот како и за точките на линијата каде гужвата во превозното средство е најголема.

Ова ќе биде возможно благодарение на извештаите од другите корисници. Според веб-страницата Android Police, заедницата којашто ја користи апликацијата на Google ќе може со прашалник да даде директен одговор за моменталната состојба во превозот, со што ќе помогне да се определи степенот на пренатрупаност на одредена линија. Прашалникот за гужвата во јавниот превоз нуди низа опции за проценка за достапните слободни места: неколку места на располагање, само стоечки места, само стоечки места со тесни простори, несигурни за достапноста на слободни места.

Веднаш потоа, информациите добиени од податоците собрани од повеќе корисници им се ставаат на располагање на другите корисници. Во моментов овој систем на известувањет е достапен за корисниците Андроид оперативниот систем коишто живеат и работат во Шведска. Според кажувањата,сличен систем веќе неколку месеци е достапен на Апловиот iOS за корисниците коишто користат метро или воз во Сан Франциско, Њујорк, Вашингтон, Токио и Париз.

Клучни зборови: