Рубрика: Физика
Дамката на еден позитрон
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 07.05.2019 - 11:15

Сивите дамки коишто може да се забележат на овој детектор за нуклеарна емулзија, фотографиран со големо зголемување, можеби и не изгледаат ништо особено, но тие се многу значајни.

Тие го претставуваат физичкиот доказ што го добија истражувачите од Универзитетот во Берн, Швајцарија, којшто докажува дека позитроните, анти-честички на електронот, се однесуваат во согласност со нивната двојна природа предвидена со квантната теорија. Ова значи дека тие истовремено имаат својства на како бран, но и на честичка,

Двојната природа бран-честичка од претходно веќе е убедливо докажана преку експерименти во коишто се користат електрони и неутрони, како и некои прилично големи молекули. Меѓутоа, сè досега никогаш не бил направен обид за нејзина демонстрација со користење на само еден позитрон.

"Нашите набљудувања на зависноста на енергијата од шемата на интерференцијата го докажуваат неговото квантно-механичко потекло, а со тоа и брановата природа на позитроните", вели Паола Скамполи, коавтор на трудот објавен минатата недела во списанието Science Advances.

Клучни зборови: