Рубрика: Физика
Галилеевиот гравитациски експеримент
Автор: Петар Лагудин
Објавено на 14.02.2019 - 13:30

Кое тело испуштено од извесна височина ќе падне побргу на тлото, помасивното (потешкото) или помалку масивното (полесното)?

Мнозина на ова прашање одговараат со “помасивното”. Но, тоа е така само во средина со присуство на атмосферски притисок, каква што е Земјата, а не и во вакуумска средина, на пример, на Месечината. Имено, во вакуумска средина, сите тела испуштени од некоја височина паѓаат на Земја со исто времетраење, без оглед на разликата во нивните маси (тежини) и во тлото удираат сите со иста брзина!

Формулата за времетраењето на слободното паѓање гласи:

Како што забележуваме, во неа не фигурира масата "m" на телото, туку само височината "h" и гравитациската константа “g".  

Експериментален доказ за тоа е покажан на видеото во прилог. Имено, покажано е слободно паѓање на две тела со екстремно различни маси, метална кугла и пердув од птица. Од експериментот е видливо дека кога во просторијата владее нормален атмосферски притисок, пердувот паѓа побавно од металната кугла, бидејќи мора да го совладува отпорот на воздухот. Но, кога таа просторија ќе се вакуумизира, односно кога од неа ќе се отстрани воздухот, видливо е дека двете тела паѓаат со иста брзина!

Експериментот го носи називот “Галилеев гравитациски експеримент”, бидејќи Галилеј прв го открил овој закон, тркалајќи низ наклон кугли од различни материјали (различни маси), што е идентично на слободно паѓање на тие тела.  

 

* За тие што не го владеат англискиот јазик, каналот нуди опција за автоматски, машински превод на видеото. Процедурата за вклучување е следна – кликнете врз иконата Settings (запченикот во долниот десен агол) и изберете ја опцијата Subtitles/CC. По ова изберете Auto-translate и од листата со понудени јазици изберете Macedonian.

Клучни зборови: