Екологија
2022 година беше ужасна година за отстранување на е-отпадот и ништо не нè наведува да мислиме дека во 2023 сме можеле да поминеме подобро. Имено, податоците за лани допрва ќе бидат објавени во некој од наредните месеци. Според најновите проценки на ОН, пред две години светот неправилно отстранил рекордно големо количество на паметни телефони, телевизори и други електронски уреди, што значително придонесе за растот на загадувањето на глобално ниво.
Објавено на 17.04.2024 - 13:00

Астрономија и астронаутика
Уметничка визија за системот со најмасивната ѕвездена црна дупка во нашата галаксија
Астрономите ја идентификуваа најмасивната ѕвездена црна дупка откриена досега во галаксијата Млечен Пат. Оваа црна дупка е забележана во податоците од мисијата Гаја (Gaia) на Европската вселенска агенција, посредно, преку чудното “лелеаво” движење што таа го предизвикува кај придружната ѕвезда што орбитира околу неа. Податоците од телескопот VLT на Европската јужна опсерваторија (ESO) и oд други терестријални опсерватории беа искористени за да се потврди масата на црната дупка, којашто е импресивни 33 пати поголема од онаа на нашето Сонце.
Објавено на 16.04.2024 - 15:00

Биологија
Дали Бетовен бил предодреден да стане музички гениј? Ако се суди според неговите гени, веројатно не. Имено, анализата на Бетовеновата ДНК објавена во Current Biology укажува дека тој имал лоша генетска предиспозиција за одржување на ритам, што е клучна способност за еден композитор. Студијата отвора дискусија за тоа колку генетскиот профил (сам по себе) може да се употребува за да се разбере дали една личност која живеела во минатото или, пак, некое новороденче имале или се предодредени да имаат талент во одредена дисциплина.
Објавено на 15.04.2024 - 19:45

Астрономија и астронаутика
Маглината NGC 6164/6165 што го опкружува системот HD 148937 онака како што се гледа во видлива светлина
Набљудувањето на еден ѕвезден пар сместен во срцето на неверојатен облак од гас и прашина, се претвори во интересно изненадување. Вообичаено, ѕвездените парови се мошне слични, што би рекле “небаре јајце на јајце”. Но, ова не е случај и со системот HD 148937, каде едната ѕвезда се чини дека е помлада и дополнитело, за разлика од другата, таа е магнетна. Новите податоци од Европската јужна опсерваторија (ESO) укажуваат дека овој систем првично се состоел од три ѕвезди, но две од нив се судриле и се споиле. Овој насилен настан го создал околниот облак и засекогаш ја променил судбината на системот.
Објавено на 15.04.2024 - 17:45

Информатика
Услугата Copilot AI на Microsoft е поставена да работи локално на компјутери. Компанијата, исто така, рече дека за следната генерација на AI компјутерите ќе бидат потребни вградени невронски процесорски единици (NPU) со моќ од преку 40 TOPS (trillion operations per second) – далеку од можностите на кој било кориснички процесор што може да се најде на пазарот.
Објавено на 12.04.2024 - 16:15

Телекомуникации
Испробување КБ портабал антена
На 10 април оваа година, во Парк шумата Гази Баба во Скопје одржана е единаесеттата средба на радиоаматерската „Z3 Портабл Група“, која што беше отворена за сите радиоаматери.
Објавено на 12.04.2024 - 15:15

Физика
Питер Вер Хигс (Peter Ware Higgs) е англиски теоретки физичар, познат по предвидувањето на честичката која го носи неговото име – Хигс-бозон, односно како предлагач на појавата наречена нарушување на симетријата кај електрослабата теорија, со кој се опишува настанокот на масата на елементарните честички, особено осврнувајќи се на W и Z бозоните. Оваа појава истовремено ја предложиле уште неколку физичари, но денес се нарекува Хигсов механизам и го предвидува постоењето на честичката Хигсов бозон, опишана како „најбараната честичка во современата физика“.
Објавено на 11.04.2024 - 18:15

Телекомуникации
Слика 1: Антената за двометарскиот банд е поставена над антената за четириметарскиот банд
Завршена е и успешно тестирана втората OWA антена (Optimized Wide-band Antenna), специјално дизајнирана за искористување на рециклиран материјал од старите антени за 4. телевизиски канал од аналогната телевизија, какви што сé уште можат да се најдат на подрачјето на Битола и Прилеп.
Објавено на 11.04.2024 - 16:30

Астрономија и астронаутика
Авион поминува на небото пред Месечината
Небесниот танц на Сонцето и Месечината во време на еклипса е секако една од најспектакуларните глетки. И затоа не треба да се чудиме што можноста да се набљудува еден ваков несекојдневен настан привлекува илјадници да застанат во линијата на тоталното затемнување за да можат најдобро да го искусат.
Објавено на 09.04.2024 - 15:15

Роботика
Кинеската компанија Xpeng создава робот еднорог, опремен со вештачка интелигенција. Првичната идеја е концепт машина за деца која би служела како придружник на четири нозе.
Објавено на 09.04.2024 - 15:00

Pages