Физика
По три години одржување и надградби, Големиот хадронски судирач (Large Hadron Collider – LHC), еден од најмоќните научни инструменти што кога и да е биле создадени, го надмина сопствениот рекорд. При подготовките за изведба на неговата трета голема серија на експерименти, забрзувачот на честички ги создаде досега најенергичните протонски зраци направени од човек. Честичките што се движеле низ тунелот долг 27 километри во близина на Женева, Швајцарија, биле со енергија од 6,8 трилиони електронволти (TeV)!
Објавено на 03.05.2022 - 12:00

Медицина
Што ако постои протеин способен да го успори или забрза метаболизмот? Група научници неодамна го откри токму тоа – протеин од хипоталамусот што ни кажува кога треба да ја заштедиме енергијата, а инхибирањето или зајакнувањето на неговите ефекти би можело да ни помогне да го регулираме метаболизмот во една или во друга насока.
Објавено на 29.04.2022 - 11:45

Информатика
Македонска асоцијација за развивање на игри – МАГДА ја најави првата ONLINE Game Dev конференција во Македонија – MAGDA Game Dev 1UP.
Објавено на 28.04.2022 - 15:45

Автомобилска техника
Во постпразнично издание, во вторник (26.4.2022), во присуство на голем број претставници од автомобилската индустрија во Македонија, најпосакуваните автомобили беа ставени на пиедестал и беа во главен фокус на најдоброто од македонскиот пазар во склоп на традиционалниот Избор за најпосакуван автомобил во земјата, „Златно тркало 2022“.
Објавено на 27.04.2022 - 16:00

Информатика
Корпорацијата E Ink извести за развојот на E Ink Gallery 3 – следната генерација електронска хартија во боја наменета за eReader и eNote уредите. Од објавата дознаваме дека новата генерација на е-хартија во боја, ePaper, се заснова на нивната платформа ACeP Advanced Color ePaper, којашто користи четирибоен пикселски систем во четири бои – магента, цијан, бела и жолта. Овој нов стандард овозможува прикажување на широка палета бои од преку 50 000 бои.
Објавено на 27.04.2022 - 11:00

Астрономија и астронаутика
Како животот за прв пат се појавил на некогаш неплодната карпа што ја нарекуваме Земја? Тоа е Eдно од најзагадочните и исконски прашања на науката. Изминативе неколку децении научниците почнаа да ги идентификуваат на метеоритите органските молекули неопходни за настанок на животот. За потсетување,...
Објавено на 27.04.2022 - 10:15

Информатика
Најнапред Енгаџет ја пренесе веста од ​​Wall Street Journal дека во Твитер веројатно сериозно ја разгледуваат идејата за продажба на Илон Маск. Според нивниот извор одлуката за преиспитување на понудата од Маск била донесена откако тој објавил дека обезбедил доволно финансиска поддршка за финализирање на договорот. Додека го пишуваме ова пристигна и веста дека договорот е постигнат и дека Маск е нов сопственик на Твитер.
Објавено на 25.04.2022 - 23:00

Телекомуникации
В. Ковачески, Z35M при одржувањето на 500 илјадитата радиоврска
На 22.4.2022 година во Парк шумата Гази Баба одржан е собир на неформалната радиоаматерска „Z3 Портабал Група“. Членовите поставија неколку портабал самоизградени и комерцијално изработени кусобранови радиостаници, напојувани со независно батериско напојување, како и вертикални и жичени антени наменети за работа од издвоени локации. Освен презентирањето на различните концепти на портабли за моторизиран и немоторизиран пристап до локации, одржани се и радиоврски со мала излезна моќност на предавателите.
Објавено на 25.04.2022 - 12:45

Информатика
Зачувувањето на копии од сервери, работници станици и други уреди е најдобра практика и императив за бизнисите, но тие не претставуваат гаранција за континуитетот на бизнисот и за заштитата на податоци. Создавањето на резервна копија, било да се работи за пресликување на дискот или за копии на податоците, е само почеток на планот за закрепнување од катастрофа и не е гаранција дека податоците може да се повратат ако копијата е оштетена. Сепак, уште поголема грижа треба да биде кражбата на доверливи податоци од организацијата, ако самата копија е украдена или на друг начин компромитирана од некој напаѓач.
Објавено на 21.04.2022 - 16:15

Физика
Како ги јадете вашите сендвич-колачиња? Веројатно, како и многумина, го вртите горниот слој, одвојувајќи го колачето на два дела, а потоа ги јадете деловите еден по еден. Некои од вас веројатно и го топат бисквитот во млеко, чај или кафе, за да го омекнете токму по вкус? Некои, пак, само нестрпливо ќе го мацнат во уста така, целиот, во име на принципот за почитување на оригиналниот дизајн, нели
Објавено на 21.04.2022 - 14:30

Pages