Информатика
Во организација на Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА, се одржува првата онлајн конференција за развивање на дигитални игри во Македонија, MAGDA Game Dev 1UP. Конференцијата е дел од проектот Creative Producers in the Western Balkans 2021 – 2022 на British Council. Наменета е за сите кои професионално работат на развивање на дигитални игри, но и за тие кои би сакале да ја насочат својата кариера во овој правец.
Објавено на 17.05.2022 - 11:30

Информатика
Nvidia си плати 5,5 милиони американски долари казна откако не успеа да докаже како во нивната квартална заработка за 2018 фискална година се нашла и мошне значителна сума заработена од трендот на копање криптовалути. Обвинението беше подигнато од американската Комисија за безбедност и размена на хартии од вредност – КБР (Securities and Exchange Commission).
Објавено на 16.05.2022 - 17:00

Геологија
Едно интересно истражување открива дека промената на магнетните полови на Земјата што се случила пред околу 42 000 до 41 000 години можеби предизвикала еколошки кризи кои довеле со масовни исчезнувања на видовите. За проучување на ефектите на Лашамповата екскурзија, како што се нарекува овој период, научниците се служеле со методата на прецизно датирање со јаглерод присутен во фосилизираните остатоци на древните дрвја.
Објавено на 16.05.2022 - 13:15

Информатика
Скопје за првпат ќе биде домаќин на петнеделната бесплатна едукативна програма наменета за студентите кои сакаат да научат како да креираат апликации за паметни телефони. За да се квалификуваат на Инфинум академијата, апликантите треба да поминат приемен испит, а пријавувањата се до 15 мај.
Објавено на 13.05.2022 - 13:00

Астрономија и астронаутика
Првата слика од црната дупка сместена во срцето на нашата галаксија
Вчера на повеќе прес-конференции одржани едновремено ширум светот, астрономите ја открија првата слика од супермасивната црна дупка во центарот на нашата сопствена галаксија Млечен Пат. Резултат е доказ дека објектот во центарот на нашата галаксија е навистина црна дупка и пружа вреден увид во функционирањето на овие џинови, за кои се смета дека постојат во центарот на повеќето од галаксиите.
Објавено на 13.05.2022 - 11:00

Биологија
Шестото масовно одумирање, она предизвикано од нашето присуство на планетата и на кое сме сведоци во моментов, загрозува околу милион видови на растенија и на животни. До 2050 година ризикуваме да видиме истребување на некаде помеѓу 30% и 50% од сите живи видови. Од ова не се поштедени ниту влекачите – според најновиот попис, секој петти вид е загрозен.
Објавено на 12.05.2022 - 15:00

Информатика
Инстаграм (Instagram) неодамна објави дека ќе започне подетално да ја проверува возраста на своите корисници. Апликацијата сега активно работи на тоа споделувањето на датумот на раѓање да биде задолжително за сите корисници. Социјалната мрежа ќе биде забранета и за деца помлади од 13 години, а прозорецот со кој се бара да ја потврдите вашата возраст не ќе може да се прескокне по новото ажурирање.
Објавено на 12.05.2022 - 11:00

Астрономија и астронаутика
Од својот прв краток скок направен на 19 април минатата година, па до денес, хеликоптерот Ingenuity изврши 27 лета, изминувајќи речиси 7 километри над површината на црвената планета, вршејќи ја својата мисија на извидник пред роверот Perseverance на НАСА. Малечкото летало ги надмина и најоптимистичките прогнози на научниците и инженерите што го создадоа. Но, неодамна, малиот автоматизиран хеликоптер имаше проблеми со акумулацијата на прашина врз неговите соларни панели. Оваа прашина ја намалува способноста на возилото да ги наполни своите шест литиум-јонски батерии. Како дополнителен пех, северната хемисфера на Марс е на прагот од зимата што треба да настапи за нешто повеќе од два месеци.
Објавено на 11.05.2022 - 12:30

Информатика
Најнапред една добра вест за сите iPhone корисници – во Apple се свесни за постоењето на овој баг и наводно веќе работат на негово отстранување. А сега да видиме што всушност се случува...
Објавено на 11.05.2022 - 12:15

Астрономија и астронаутика
Вчера НАСА објави уште една серија воодушевувачки фотографии направени од вселенскиот телескоп Џејмс Веб. Како што укажува официјалниот блог на мисијата, фотографиите најнапред биле претставени на утринската прес-конференција, на којашто е презентиран и детален извештај за состојбата на Веб додека се во тек процедурите за нагодување и усогласување на камерите.
Објавено на 10.05.2022 - 14:15

Pages