Климатологија
Новите сателитски мерења потврдуваат дека циклусот на водата во природата се забрзува. Причина: климатските промени предизвикани од глобалното затоплување. Какви се е фектите од оваа промена? Катастрофалн и , се разбира.
Објавено на 10.05.2022 - 12:30

Електроника
За разлика од луѓето, растенијата не можат само да зборуваат кога се жедни. И, за жал, кај нив видливите знаци на дехидрација, како збрчкани или потемнети лисја, не се појавуваат сè дури не исчезне поголемиот дел течноста која е нивен составен дел. За да се надмине оваа комуникациска бариера, нанотехнолозите создале wearables технологија за лисјата на растенијата – сензор што ја детектира состојбата на растението и безжично ги пренесува податоцита до соодветната мобилна апликација.
Објавено на 09.05.2022 - 11:15

Информатика
WWDC (Worldwide Developers Conference) преставува годишна конференција во организација на Apple на којашто компанијата ги прикажува најновите верзии на своите оперативни системи, но и ред други производи. Еднонеделниот настан е шанса за програмерите да научат нешто повеќе за новите технологии и како да ги имплементираат во нивните производи. Овогодинешниот WWDC е замислен како претежно онлајн настан, но Специјалниот настан во Apple Park е закажан да се одржи пред публика во живо. Присутините ќе го следат годишното обраќање од челниците во Apple во главниот говор, а ќе добијат можност да го разгледаат новиот Центар за програмери но „и многу повеќе“, како што стои во најавата. Присуството на овој настан може да се обезбеди само со покана од седиштето на Apple Park во Купертино. А како да ја добиете? Аплицирајте...
Објавено на 06.05.2022 - 11:30

Медицина
Диуретиците и RSA инхибиторите најчесто се препишуваат во пар за лицата што патат од висок крвен притисок (хипертензија) и достапни се под различни фармацевтски брендови. Популарните брендови на лекови против болки, каков што е и ибупрофенот, пак се достапни без рецепт во повеќето аптеки и продавници. Според едно ново истражување, сите оние кои земаат диуретик и системски ренин-ангиотензински инхибитор (RSA) за третирање на висок крвен притисок треба да внимаваат при посегањето по ибупрофен.
Објавено на 05.05.2022 - 11:30

Хемија
Потеклото на животот е една од најголемите мистерии на оваа планета: како изнедриле првите органски молекули и зошто тие се групирале во уште покомплексни форми? Која била искрата што ги трансформирала неколкуте хемикалии во првите рани форми на живот? Една од најакредитираните хипотези за старт на животот вклучува искра: идејата, за прв пат претставена во 50-тите години од минатиот век, е дека ровјите (громовите) што паѓале на исконската Земја биле катализатор при првите процеси за формирање на органски молекули.
Објавено на 04.05.2022 - 12:15

Информатика
Ако нешто се подразбира тоа е дека корисниците никогаш, ама НИКОГАШ, не треба да преземаат ажурирања за Windows од кој било извор освен од Microsoft. Но, ете, бидејќи ова очигледно не е така, еве да повториме уште еднаш: НЕ ПРЕЗЕМАЈТЕ АЖУРИРАЊА ЗА WINDOWS ОД НИТУ ЕДЕН ДРУГ ИЗВОР ОСВЕН ОД МИКРОСОФТ! Неодамна, надградбите за Windows 10 од несигурни извори беа фатени како го шират ransomware софтверот Magniber, по што лесноверните корисници биле погодени од барања за откуп во биткоини.
Објавено на 04.05.2022 - 08:45

Физика
По три години одржување и надградби, Големиот хадронски судирач (Large Hadron Collider – LHC), еден од најмоќните научни инструменти што кога и да е биле создадени, го надмина сопствениот рекорд. При подготовките за изведба на неговата трета голема серија на експерименти, забрзувачот на честички ги создаде досега најенергичните протонски зраци направени од човек. Честичките што се движеле низ тунелот долг 27 километри во близина на Женева, Швајцарија, биле со енергија од 6,8 трилиони електронволти (TeV)!
Објавено на 03.05.2022 - 12:00

Медицина
Што ако постои протеин способен да го успори или забрза метаболизмот? Група научници неодамна го откри токму тоа – протеин од хипоталамусот што ни кажува кога треба да ја заштедиме енергијата, а инхибирањето или зајакнувањето на неговите ефекти би можело да ни помогне да го регулираме метаболизмот во една или во друга насока.
Објавено на 29.04.2022 - 11:45

Информатика
Македонска асоцијација за развивање на игри – МАГДА ја најави првата ONLINE Game Dev конференција во Македонија – MAGDA Game Dev 1UP.
Објавено на 28.04.2022 - 15:45

Автомобилска техника
Во постпразнично издание, во вторник (26.4.2022), во присуство на голем број претставници од автомобилската индустрија во Македонија, најпосакуваните автомобили беа ставени на пиедестал и беа во главен фокус на најдоброто од македонскиот пазар во склоп на традиционалниот Избор за најпосакуван автомобил во земјата, „Златно тркало 2022“.
Објавено на 27.04.2022 - 16:00

Pages