Рубрика: Биологија
Тардигрејд – животинче како никое друго
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 18.06.2018 - 10:30

Дали е ова некој вонземјанин? Не. Но од сите животни на Земјата, ова животинче можеби е најдобриот кандидат да стане токму тоа.

Она по што тардигрејдот е познат е што може да преживее децении без вода и храна, да опстане на температури блиски до апсолутната нула, но и на оние кои се многукратно над точката на вриење на водата, може да поднесе притисок од нула атмосфери до неколкукратно поголем од оној на окенското дно, а исто така и да преживее директна изложеност на огомни количества радијација. Големиот опсег на приспособливост на овие екстремофили беше тестиран во 2011 надвор од спејс-шатл кој во тоа време се наоѓал во орбитата околу Земјата. Тардигрејдите се издржливи делумно поради тоа што тие можат да си ја “поправат” сопствената ДНК и да ја намалат количината на вода во своите тела на само неколку проценти. Некои од овие минијатурни водени мечиња за малку и неодамна ќе станеа вонземјани кога беа лансирани кон Фобос месечината на Марс, на руската вселенска мисија Фобос-Грунт, но останаа на Земјата кога моторите на ракетата која требаше да ја лансира мисијата откажаа, и капсулата остана приземјена.

Овие чудни суштества се многу распространети од луѓето на Земјата и може да налетате на нив буквално насекаде. Приложената слика од ова суштество е направена од електронски микрограф и вештачки обоена, а на нејзе е прикажан тардигрејд долг еден милиметар како ползи низ мов.

Клучни зборови: