Рубрика: Автомобилска техника
Почувствувај го погледот – технологија што ги претвора фотографиите во тактилни "слики"
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 03.05.2018 - 13:00

Живописните пејзажи се аспект од патувањето во коишто патниците со оштетен вид не можеа да уживаат, барем досега.

Форд се здружи со стартап компанијата Аедо, чијашто специјалност се уреди за наменети за слепи и делумно слепи лица, со цел создавање прототип на паметен прозорец што ги “преведува” глетките  во нешто што може да се почувствува на поинаков начин.

Технологијата позната како “Почувствувај го погледот”, ги фотографира надворешните сцени и ги претвора во монохроматски слики со висок контраст, што се репродуцираат на стаклото со помош на специјални ЛЕД диоди. Нијансите на сива боја се претвораат во 255 различни интензитети на вибрации коишто патникот може да ги почувствува на прозорецот со прстите, кој помага тој да ја визуелизира сцената во неговиот ум.

За сликата да добие и понатамошен контекст, тука е и вградениот гласовен помошник од Форд, кој со употреба на вештачката интелигенција ја идентификува сцената и може да ја опише со зборови, доколку тоа се побара од него. Се работи за извонредна технологија, и како што можете да забележите од видеото подолу, таа е беспрекорно интегрирана во нешто што наликува на обичен автомобилски прозорец. Eдинствена забележлива разлика според којашто се разликува од обичниот прозорец е кутијата на врвот од прозорецот, каде што се наоѓа прекинувачот за фотографирање на надворешниот поглед.

Не е познато колку понатамошно тестирање ќе биде потребно пред прототипот да биде понуден како стандардна опција при купување нов автомобил од Форд, но охрабрувачки е тоа што Форд инвестира во амбициозна технологија за автомобили којашто целосно ќе го трансформира искуството за патниците со оштетен вид.

Клучни зборови: