Рубрика: Омнибус
Голем успех на македонскиот иноватор Марјан Ненов во Москва
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 17.04.2018 - 11:00

Од 5-ти до 8-ти април 2018 год. во Москва се одржа 21-виот Интернационален саем на иновации „Архимед“. Учествуваа 27 земји со над 700 иновации и пронајдоци. Саемот „Архимед“ е насочен кон стимулација на пазарот за откуп и лиценцирање на патентирани пронајдоци.

Иноваторот Марјан Ненов, член на Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија (NAIM) постигна голем успех освојувајќи златен медал за својот пронајдок ECo Sun Central, постројка за колектирање на сончевата светлина и топлина, нејзина конверзија во електрична и топлотна енергија и дистрибуција до потрошувачите.

Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија (NAIM) ги повикува сите заитересирани иноватори да се зачленат (www.naim.mk). Најинтересните иновации на члeновите на NAIM ќе бидат испраќани на бројни голeми саеми на иновации и пронајдоци во странство, каде ќе имаат шанса нивните идеи и пронајдоци да бидат забележани од странски фирми заинтересирани за инвестирање и производство. Следните саеми на кои можат да учествуваат членовите на NAIM се во Белград на 7-ми до 11-ти мај 2018 год. и во Чешката република од 20-ти до 22-ри јуни 2018 год.