Рубрика: Омнибус
Петнаесетгодишник пронајде тест за откривање рак на панкреас
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 28.05.2012 - 14:50

Петнаесетгодишниот Џек Андрака од Краунсвил, Мериленд, го освои првото место за неговиот метод за откривање на рак на панкреас на овогодишниот Меѓународен саем за инженерство на Интел. Врз база на хартија за тестирање дијабетес, Џек создал едноставен сензор за тестирање крв или урина преку кој се открива дали пациентот има рак на панкреасот во рана фаза. Неговата студија дала резултати со повеќе од 90% точност и покажала дека неговиот сензор е за 28 пати побрз, поевтин и 100 пати поосетлив од сегашните тестови. Џек ја доби наградата "Гордон И. Мур" која изнесува 75 000 долари и е во чест на еден од основачите на Интел, пензиониран претседател и главен извршен директор.
Двајца ученици, Николас Шифер (Nicholas Schiefer, 17) од Пикеринг, Онтарио и Ари Диковски (Ari Dyckovsky, 18) од Лисбург, Вирџинија добија по 50 000 долари од наградата за млади научници на фондацијата Интел.
Николас го проучувал таканареченото "микроистражување" или можноста да се пребарува медиумот кој најбргу се развива: мали количества содржина, како што се објави на Твитер или Фејсбук. Со ова истражување Николас се надева дека ќе ги подобри можностите на пребарувачите, со што ќе се подобри и пристапот до информации.
Ари ја истражил науката на квантна телепортација. Тој открил дека кога атомите ќе се поврзат преку процес наречен “преплетување“, информациите од еден атом едноставно ќе се појават во другиот атум кога ќе се уништи квантната состојба на првиот атом. Со помош на овој метод, организациите на кои им е потребно високо ниво на обезбедување на податоци, како што е Агенцијата за национална безбедност која може да испраќа енкриптирани пораки без ризикот од прислушување или пресретнување бидејќи информацијата нема да се пренесува на другото место, туку само ќе се појави.
“Го поддржуваме Меѓународниот саем на Интел бидејќи знаеме дека математиката и природните науки се клучни за идниот развој,“ изјави Венди Хокинс, извршен директор на фондацијата Интел. “Овој натпревар поттикнува милиони ученици да ја разбудат инвентивноста и да изнајдат решенија за глобалните предизвици“.
Оваа година, повеќе од 1500 млади научници беа одбрани да се натпреваруваат на Меѓународниот саем за инженерство на Интел. Тие биле одбрани од 446 слични саеми од 70 земји, региони и територии. Покрај гореспоменатите победници, 400 финалисти добија награди и парични надоместоци за својата револуционерна работа. Наградите вклучуваат 17 победници “Најдобар во категорија“ кои добија по 5000 долари. Фондацијата Интел исто така им додели грантови од по 1000 долари за училиштата од кои доаѓаат победниците, како и за саемите кои ги претставуваат.
Листата на 17-те најдобри во своите категории од кои се одбрани најдобрите тројца може да ја проследите во приложената табела.
Општество за науки и јавност, непрофитна организација со членство посветена на активирање на јавноста во научно истражување и образование, го одржува Меѓународниот саем за природни науки и инженерство од неговите почетоци во 1950 година, под името Национален саем на науки.
За да дознаете повеќе за програмата и за публикациите на Општество за науки и јавност одете на: www.societyforscience.org, следете ги на Twitter или посетете ја нивната Facebook страница.
За да ги дознаете новостите околу образованието во Интел, посетете ја веб-страницата www.intel.com/newsroom/education и приклучете се кон разговорите на Facebook и на Twitter.