Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka



Претставете ги Вашите конструкторски вештини - објавете фотографии од Вашата изведба на проект од ЕМИТЕР

Правила:
1. Можноста за објавување фотографија се однесува исклучиво на проекти и конструкции кои се објавени во ЕМИТЕР.
2. Испраќањето и објавувањето на фотографиите е доброволно и со цел читателот да ги промовира своите знаења и конструкторски вештини, да се промовира проектот/написот од ЕМИТЕР според кој е направен тој уред/конструкција и да се даде поттик на другите читатели практично да се занимаваат со наука и техника.
3. Со самото испраќање на фотографиите вие на ЕМИТЕР му ги отстапувате правата за нивно објавување на неговиот веб-сајт и во неговите изданија.
4. За објавените фотографии не следува хонорар, но секој читател ќе го наградиме со еден гратис примерок од претходните броеви на ЕМИТЕР по негов избор, за секој изработен проект од кој ќе ни достави фотографии.
5. Секоја испратена фотографија треба да има резолуција од 800 х 600 точки или повеќе.
6. Фотографиите ќе бидат објавени на веб-страницата на ЕМИТЕР (www.emiter.com.mk) на страницата на оној напис според кој е изработен уредот/конструкцијата. Покрај секоја фотографија ќе стои текстуална информација за читателот-самоградител на прикажаниот уред/конструкција. Начинот на презентација може да се види од следниве примери:
http://www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=1087
http://www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=3971
http://www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=2372
http://www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=1582
http://www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=2810
http://www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=2926
http://www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=1272
7. На крајот од годината, читателот кој има најмногу објавени фотографии и читателот кој има најубави самоградби од нашите проекти ќе бидат наградени со годишна претплата на ЕМИТЕР. Одлуката за овие награди ја носи жирито составено од Редакцијата.
8. При испраќање на фотографиите задолжително е за секоја од нив да наведете според кој проект од ЕМИТЕР е изработен вашиот уред (наслов на написот во ЕМИТЕР) и бројот во кој е објавен тој напис. Исто така задолжителни се и вашите контакт-податоци – име и презиме, градот во кој живеете, контакт-телефон и електронска адреса.
9. Доколку сте согласни со овие услови тогаш фотографиите од вашата изведба на некој проект/конструкција објавен во ЕМИТЕР испратете ги на електронската адреса на Редакцијата: podgotovka@emiter.com.mk


Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk