Астрономија и астронаутика

Во последните 20 год, главен предизвик за космолозите беше решавањето на две големи енигми, првата е: “Дали во нашата галаксија постојат и други планети со услови за живот”, и втората: “Дали во Сончевиот систем Земјата е единствена планета со услови за живот”. Денес науката е способна да одговори на двете прашања врз основа на податоците од две мисии, мисијата “Кеплер” и мисијата “Curiosity”.


Електроника

За да добиеме поголема излезна моќност од монолитен засилувач, најчесто и најпознато решение е користењето на мостна врска на две ИК. Со ова, се зголемува излезната моќност, но како недостаток се намалува можноста на користење звучници со пониска импеданса, како и тоа што сме ограничени на користење на само две ИК. Поради ова, во овој напис, детално ќе прикажеме градба на засилувач во паралелна врска на две ИК.


Електроника

Уште од времето на Луиџи Галвани и Алесандро Волта, влијанието на електрицитетот врз човековиот организам претставува чудо пар екселанс, рамно на чудото на создавање на живот, па затоа тоа е прекриено со невидено голем број предрасуди. Изработете го овој електронски мозочен стимулатор, кој ни малку не заостанува зад скапите професионални уреди, и ослободете се од овие предрасуди!


Аудио и видеотехника

Тестиравме три модели на компјутерски звучници од три познати бренда – Gembird, Genius и Philips. Заедничко за сите нив е тоа што имаат по два сателита и еден сабвуфер со бас-звучник со номинална големина од 4 инчи (10 cm). Цените исто така им се речиси идентични – околу 1400 денари. Навидум, сите се слични, но нема да поверувате какви разлики најдовме меѓу нив!


Автомобилска техника

Секој од нас бил во ситуација кога требало да одлучи каков автомобил да купи, без разлика дали станува збор за нов или стар автомобил. Поради немање информации за перформансите на возилото, што за жал се случува и при купување на нови возила, изборот на автомобил се сведува на избор на боја и опременост на возилото. Во овој текст ќе ги објасниме главните фактори кои влијаат на возните перформанси, и ќе направиме мала анализа на цената, т.е.


Фототехника

Гледајќи ги старите фотографии наредени во албумите на моите родители, се прашувам како може тоа парче стара фотохартија на која со размачкани бои се појавува ликот на минатото да предизвикува толкав емотивен набој. Може затоа што фотографијата е кралица на нашите спомени. За разлика од минатото, кога родителите давале сè од себе за да направат фотографија со камерата Adox Golf, денес ги имаме одличните перформанси на Sony Alpha ILCE-A5000, кој ќе ни го олесни животот.


Телекомуникации

Минатиот месец, редакцијата на Емитер благодарение на застапникот на LG во Македонија ја имаше ексклузивната можност да го тестира новиот LG G3. Се работи за телефон којшто со своите можности спаѓа во високата класа, но ценовно ќе ве чини помалку. По една недела интензивни тестови, еве ги нашите впечатоци.


Информатика

Како идеја, тридимензио-налното печатење не е новина, веќе цели три децении, овие уреди напредувале и се развиле до таа мера што се употребуваат во безмалку сите сфери на производството. Наоѓаат широка примена како поевтин и поефикасен начин за изработка на прототипи и производи од помали серии.


Енергетика

Сведоци сме дека светот полека но сигурно навлегува во фаза кога енергијата е сè поскапоцена и добива сè повисоки цени. Најголем дел од енергијата што денес се користи во светски рамки потекнува од фосилни горива(нафта, природен гас и јаглен). Но, дали е тоа единствената енергија што ни стои на располагање? Дали постојат алтернативни извори на енергија кои ќе бидат поевтини а истовремено ќе ги задоволуваат светските еколошки стандарди?


Аудио и видеотехника

Кога работите на реализација на некој ТВ-проект најчесто размислувате за хардверот, кои микрофони ќе ви требаат, со каква камера ќе снимате, какво осветлување ви е неопходно и каде ќе ги снимате дејствијата и настаните. Исто толку внимание ќе посветите и на софтверот кој ви е потребен за постпродукциско уредување. Зашто нели, цело е кога има сè, односно за добар производ треба да се мисли на сè.


Информатика

Чувањето на податоците во облак започна одамна. Во почетокот многумина со сомнеж ги избегнуваа овие услуги но денес се поголем број компании и индивидуалци не можат без нив. Да ги дознаеме предностите и недостатоците на Cloud софтверот (Софтвер во облак).


Автомобилска техника

Американската фирма Liqid Piston, која има вработено 12 експерти, а е во сопственост на д-р Александар Сколник (D-r Alexander Shkolnik), кон крајот на 2012 година понуди прототип на нов иновативен мотор СВС со ротациски клип. Написов што следи има за цел да ве запознае со основните карактеристики на овој мотор.


Автомобилска техника

Неверојатно е како автомобилските гуми, или пневматици, ги прифаќаме така едноставно, здраво за готово. Дури и ретко кој од нас да се заинтересира повеќе за нив, за нивната нега и одржување, за нивното правилно користење итн. Овој напис ќе биде посветен на автомобилските пневматици – и тоа повеќе од аспект на нивната улога во сложениот систем на автомобилот – како и запознавање со некои значајни, а малку познати параметри за нив.


Електроника

Во овој напис ви предлагаме самоградба на атрактивна светлечка ѕвезда, која емитува временски променливо шаренило од спектрални бои, и на тој начин придонесува за развеселување на атмосферата при разни семејни свечености, што е особено актуелно во периодот на новогодишните празници. Проектот е толку едноставен што е погоден за реализација од страна на почетниците во електрониката.


Металство и машинство

Потребата од конструирање се јавува во почетокот на индустриската револуција. За тогашните конструктори важна улога имале традицијата, талентот на конструкторот и неговата инспирација.


Информатика

PHP е специјализиран програмски јазик којшто се користи за изработка на динамички веб-страници т.е. за динамичко генерирање на HTML код. Овозможува полесно изработување на интернет-страници, а поради неговата голема моќ овој програмски јазик го користат и најпосетените светски страници како Facebook и Youtube. Се користи за дефинирање класи, објекти, низи и функции за извршување на операциите.


Физика

Откако го сфативме суштинското значење на термовизијата, како што истакнав во претходниот број, во овој ќе ставиме акцент на програмата за обработка на термални слики – Flir Tools, ќе се запознаеме со нејзината доминантност во градежната индустрија, во медицината, односно накратко, во секојдневниот живот.


Хемија

Подготвувањето домашна ракија е една традиционална карактеристика на нашето поднебје. Но во последните неколку години, најверојатно поради отсуството на контрола на квалитетот на домашните ракии, случаите на труења со метанол се чести. Ваквата појава моментално создава загриженост кај производителите и консумерите на домашна ракија.


Макетарство и моделарство

Како што во воздухопловното макетарство едни од најизработуваните макети се оние чија тема се звучните имиња на авионите на Фокер, Албатрос, Сопфит и Њепор од Првата светска војна; Месершмит Ме-109, Фоке Вулф Фв-190, Спитфаер, Мустанг и руските Јакови и Лавочкини од Втората светска војна; како поствоените и модерни Мигови, Сухои, Мек Донели, Локиди, Миражи и сл, така во светот на автомобилското макетарство една од најпосакуваните макети е макетата на фамозната Фолксваген Буба.


Електроника

Во овој дел се дадени содржините на оние вежби коишто можат да се изведат со склопот прикажан на шемата во вториот дел од написот, во претходниот број на Емитер.


Електроника

Иако постепено го губат приматот, акумулаторските батерии од 12V сè уште имаат широка примена. Најчесто се случува акумулаторската батерија да биде испразнета во моментите кога ни е најпотребна. Затоа ви претставуваме еден едноставен индикатор, кој навремено ќе ве предупреди дека е време да ја наполните акумулаторската батерија.


Електроника

Во овој дел од рубриката електроника во кратки црти ви презентираме нови компоненти и настани од светот на електрониката. Се надеваме дека следејќи ги актуелностите од оваа област ќе успееме да ве приближиме кон новите трендови во електрониката, а со тоа ќе добиете и поцеловит увид во производството на “главните играчи” во оваа област со постојан подем.


Географија

Македонија располага со мал процент на водена површината во однос на нејзината територија, само 2,2%. Искористувањето на овој воден потенцијал за прехрана е предизвик со којшто народот на овие простори се справува од дамнешни времиња. Па така, постојат записи уште од пред нашата ера за специфичниот начин на ловење риба на Дојранското Езеро. Во овој напис разгледуваме како оваа гранка од стопанството се развивала до денес и има ли можности за поголема искористеност на овој потенцијал.


Медицина

Една од најдобрите билки, а особено најдобра кога е во прашање циркулацијата, запирање на крварењето, отстранување болка, лекување синуси, ревма и друго, е лутата пиперка. Да се јаде лути пиперки е лековито и кога човек има рак на простата, на белите дробови, леукемија... велат истражувањата. Лутите пиперки го подобруваат и расположението и помагаат при намалување на телесната тежина! Зошто?


Медицина

Продажбата на витамински додатоци кои содржат К2 познат и под називот menaquinone во последниве 4 години пораснала за 183 %. Во истиот период, обичниот витамин К, познат и како К1, забележал многу поскромен пораст од 96 %. К1 или како што уште се нарекува растителен витамин К т.е. phylloquinone, има краток живот и го снемува од организмот за 8 часа, додека К2 е многу подолготраен и е активен во крвта цели 72 часа.


Омнибус

За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Токму за настани и личности од минатото, кои своевремено ги имаат поттикнато и насочено науката и техниката во насока што резултира со актуелниве научни и технички сознанија и благодати, станува збор во продолжението на овој напис. Настаните се однесуваат на актуелниот месец, и сигурни сме дека ќе го задржиме вашето внимание. Изборот на настаните и коментарите се на нашите стручни соработници.


Омнибус

Неколку факти за подмачкувањето; Мултиспектрална слика на галаксијата М101; 52-километарски колајдер до 2028 година во Кина?; Нов изглед за Google Docs, Sheets и Slides; Олимписко злато во роботика за седмоодделенецот Матеј Предовиќ; Биохемиски анализи со мобилен телефон?; Зошто месечината покажува две различни половини?; Cambridge Audio Azur 851D; Стабилен напон со помала печатена плочка?!; Пристигна првиот осумјадрен десктоп процесор од Интел; Black Hole мобилен телефон; Фотографија на кван


Писма
Уред за заштеда на електрична енергија
Избор на рисивер
Со електроника против куче што цивка