Аудио и видеотехника

Еден од поголемите проблеми со кој се среќаваат аудиохобистите е комплицираната и долготрајна столарска работа околу изработката на звучните кутии. Материјалните трошоци исто така се проблем, особено ако кутијата е голема. Во овој проект ќе ја презентирам мојата идеја како за 2/3 да ги намалите трошоците и материјалите за изработка на звучната кутија, а склопувањето на кутијата ќе ви одземе само 5 минути!


Автомобилска техника

Откога постојат автомобилите, се појавуваат некои кои тврдат дека измислиле различни уреди кои, вградени во моторот, ја намалуваат потрошувачката на гориво. Досега, за сите вакви уреди докажано е дека не работат, но сепак многу од овие уреди сè уште можат да се најдат на пазарот. Еден ваков уред е HHO генераторот, кој прв го продавал Стенли Меер.


Астрономија и астронаутика

Современата телескопска техника им овозможи на астрономите да откријат многу значајни сознанија за природата на универзумот. Но, денес, таа техника ја досегна границата на своите можности, па за натамошен прогрес на науката сега е актуелно да се пристапи кон реализација на нова генерација, многу помоќни телескопски уреди. Тој предизвик го прифати Европа и со својот проект E-ELT ја отвори вратата кон новата ера во астрономијата: ерата на "супергигантски" телескопи.


Електроника

Во првото продолжение видовме дека правилно користен, LTspice може да прерасне во моќна алатка која можат да ја користат и студентите, и проектантите, и љубителите на електрониката, односно видовме дека тој е од полза при разни нивоа на стручност. Во ова продолжение ќе направиме увид на неговата повеќезначност и на можноста истиот да го користиме како платформа за проектирање и анализа на електронските кола.


Автомобилска техника

Врзувањето со сигурносни појаси додека се возиме со автомобилот е најголемиот заштитник на нашиот живот при евентуален судар – доколку нештата при возењето тргнат во непосакуван правец шансите да спасиме глава се поголеми за повеќе од 50%. Совесен учесник во сообраќајот се врзува со сигурносниот појас при секое седнување во автомобилот.


Аеронаутика

Иако во моментот кога влезе во оперативна употреба изгледало дека е решение кое ќе трае долго, крилото со променлив агол на стрелата во лет покажало и низа слабости: осетно зголемување на тежината, зголемена комплексност, поскапо и покомпликувано одржување, потреба од ротирачки носачи за бомби и ракети што дополнително ја зголемувале масата и комплексноста на авионот, поместувањето на аеродинамичкиот центар предизвикувало проблеми со центражата на авионот, намалена ефикасност на крилцата при


Астрономија и астронаутика

Во просторот помеѓу Сонцето и планетата Меркур постои наполно празна стабилна зона, што за астрономите претставува чуден исклучок, бидејќи се знае дека сите други стабилни зони во Сончевиот систем се запоседнати со нешто! Но, дали оваа зона е навистина исклучок, или може би и во неа орбитира некое небеско тело, кое досега останало неоткриено?


Аудио и видеотехника

Имате мало студио и сакате да се занимавате со видеопродукција, да снимите спот за реклама, за некоја група или пејач, да направите снимка од свадба, роденден или матурска прослава? Прво и основно што ви е потребно е да набавите камера со која ќе можете да снимате слика и тон. Нивото на расположливиот буџет е лимит, но потребни ви се и уште некои информации за да не зажалите за парите што ќе ги дадете во случај да добиете помалку од очекуваното.


Електроника

Во текот на процесот на надополнување на акумулаторската батерија во автомобилот од страна на генераторот на еднонасочна (динамо) или наизменична струја (алтернатор), потребен е регулатор на напон кој во точно одреден момент ќе го прекине надополнувањето со електрична енергија, а со цел да го заштити акумулаторот. Во спротивно, енормно ослободената топлинска енергија би довела до прегревање и испарување на електролитот, а со тоа и до уништување на батеријата.


Информатика

Заштитата на компјутерот од каква било опасност која доаѓа од разни малициозни програми, е од големо значење за секој што се грижи за доброто здравје на својот компјутер. На пазарот денес има навистина голем избор антивирусни програми или, пак, софтверски пакети кои овозможуваат заштита од секаков вид опасност која демне од "чудото" наречено Интернет.


Информатика

Иако процесорите Intel Core i3, Core i5 и Core i7 се присутни на пазарот нешто повеќе од една година, некои од корисниците кои повеќе сакаат самите да си ја склопат конфигурацијата, независно од готовите понуди, сè уште "заглавуваат" кога се принудени да избираат меѓу еден од нив. Овде ќе се обидеме накратко и на едноставен начин да ги објасниме главните разлики меѓу нив.


Информатика

При купувањето на компјутер, соочени сте со две опции: десктоп компјутер или лаптоп. За која од опциите ќе се решите, најмногу зависи од вашите потреби и, се разбира, од вашиот буџет. Во овој напис се обидуваме да ви ги олесниме маките околу изборот накратко претставувајќи ги клучните предности и недостатоци на секоја од овие две опции во однос на нивнот хардвер и перформансите.
Па, да започнеме.


Информатика

Кога во 2006 година една група научници од Универзитетот Кембриџ во Велика Британија оформи за добротворна организација со цел да се проектира евтин комјутер наменет за ученици и студенти – за да се развијат нивните програмерски способности, никој не веруваше во нивниот успех!


Омнибус

Науката постојано ни открива несомнени научни вистини, но некои од нив му се спротивставуваат на нашиот здрав разум и ни изгледаат неверојатни. Во овој серијал ви претставуваме поголем број такви неверојатни научни вистини. На ред се нови четири неверојатни научни вистини: Алатот се појавил пред човекот?; Првиот ефект од еден нуклеарен конфликт ќе биде гладот; При стареењето губиме мал број неврони и Дождовните глисти се животинки кои најмногу тежат?!


Автомобилска техника

Револуционерен дизајн на автомобилски тркала


Автомобилска техника

На новиот Пежо 208 му припадна улогата да го подигне реномето на Пежо на едно повисоко ниво и на купувачите да им го понуди сето она во што заостануваа Пежо 207 и другите модели. Од една страна да се бори во категорија со премногу конкуренција, а од друга страна да и го врати угледот на компанијата кој некогаш го уживала, да речеме, со Пежо 205. Но, сè по ред.


Електроника

Во овој дел од рубриката електроника во кратки црти ви презентираме нови компоненти и настани од светот на електрониката. Се надеваме дека следејќи ги актуелностите од оваа област ќе успееме да ве приближиме кон новите трендови во електрониката, а со тоа ќе добиете и поцеловит увид во производството на "главните играчи" во оваа област со постојан подем.


Електротехника

За оние што работат со дрво, преставуваме две машини за завршна обработка на дрвени површини. Тоа се вибрационата машина за брусење BO4901 и рачното електрично ренде BKP180RFE.


Информатика

Canon Pixma MP250 нуди многу повеќе отколку што се очекува за сума 1990 денари. Решение сè-во-едно кое целосно ги задоволува домашните потреби!


Информатика

Сè уште не стивнаа впечатоците од премиерата на топ-моделите од седмата HD генерација Radeon графички картички, а AMD ги претстави и моделите од категоријата entry-level. Но, нападот од AMD не стивнува – и средната категорија им е на располагање на купувачите. Ви ги претставуваме Radeon HD 7850 и 7870.


Историја и археологија

Малку кој од човековите претци биле толку детално и долго истражувани како мумифицираниот остаток на предокот наречен Öтзи, откриен во ледот на Тиролските Алпи. Деталните анализи откриле многу интересни сознанија, па да ги проследиме.


Медицина

До 2020 година депресијата ќе биде една од најраспространетите болести. На ваков начин на развој на состојбите, предупреди Светската здравствена организација. Во борбата против депресијата се приклучуваат стручњаци од областа на медицината, економијата, политиката и други асоцијации, со цел да се создаде стратегија за поддршка на психичкото здравје и да се намалат штетите предизвикани од неа. Според сите нив алармантно е што границата на заболени се приближува кон сè помладата популација.


Телекомуникации

Радиоаматерските комуникации и во најтешки услови не можат да бидат целосно прекинати. Тоа, главно, се должи на големата дисперзираност на радиоаматерските станици, нивната системска независност од земската инфраструктура, големата флексибилност за функционирање во импровизирани услови и, секако, секогаш присутната спремност на радиоаматерите да £ помогнат на својата заедница во најтешките моменти.


Физика

Тимот на OPERA констатира можна грешка во мерењата поради која произлезе дека неутрина се движат со брзина поголема од онаа на светлината! Сепак, потребни се нови експерименти за да се разреши оваа дилема.


Омнибус

Samsung го претставува Samsung Galaksi 2;
BMW и Paranal;
Дали бројот на елементите е ограничен?;
20 km/h – 50 мртви и 600 повредени!;
Деветстепен автоматски менувач на ZF;
SpareOne или резервен телефон?;
Презентација на MAKTEC;
Презентација на YAMAHA;
VLT со досега најдеталната слика на Karina;
Megaphone за iPhone?;
HP претстави нова линија моќни работни станици;
Mini Klabven концепт;


Електроника

За да се подобрат квалитетот и прецизноста на дупчењето на ППК, потребна е столбна дупчалка со автоматска електронска регулација на бројот на вртежите. Ако сакаме да конструираме добар електронски регулатор на моќноста и на бројот на вртежите на еднонасочен мотор, потребно е при пресметувањето да ги земеме во предвид внатрешната отпорност на електромоторот, напонот на неговата контра-електромоторна сила и струјата која протекува низ него.


Електроника

Аудионскиот краткобранов радиоприемник кој употребува само една батерија од 1,5V е идеален "влез" во приемната краткобранова технологија.


Електроника

Генерирањето на правоаголен сигнал е релативно едноставна задача која може да се реализира на повеќе различни начини, на пример со транзистори, со ИК NE555, со логички порти итн. Предмет на овој напис ќе бидат решенијата со оперциски засилувач, при што ќе бидат прикажани три изведби заедно со формулите и методите за пресметка на елементите и карактеристиките на секое коло.


Металство и машинство

Широката распространетост на РЕЛ-заварувањето и честата примена на оваа постапка во домашни услови и мали работилници нè доведува до ситуација кога е потребно да направиме заварување на две или повеќе компоненти во една целина. Се разбира, добро заварување не можеме да постигнеме без квалитетна електрода за заварување.


Писма
Полнач за 16 NiMH батерии
Резервно напојување за 3G линк
Како да ја совладам микроконтролерската техника?
Неодимиумски магнети
Ловецот на богатство не ми работи