Астрономија и астронаутика

Оваа 2011 год. е година на 2 јубилеја поврзани со освојување на космосот од страна на човекот. Првиот јубилеј е 50 год. од првиот лет на човекот во вселената, којшто го означи почеток на ерата на освојувањето на вселената, а честа да биде првиот космонаут кој престојувал во неа му припадна на русинот Јуриј Алексеевич Гагарин. Вториот јубилеј е 30 год. од стартот на програмата на НАСА "Спејс Шатл", планирана како перманентен транспортен систем за поврзување на Земјата со космосот.


Информатика

Ништо без интернетот – па ни учењето гитара или кој било друг инструмент. Учењето на акордите, нотите, штелувањето сега се олеснети до максимум, потребно е само да го набавите вистинскиот софтвер. Кој? Читајте понатаму!


Архитектура и градежништво

Во годишниот биланс на енергетски потреби на зградите за греење, застаклените елементи играат значајна улога. За разлика од нетранспарентните градежни конструкции (ѕидови, покриви, еркери, конструкции над визби, гаражи и сл.), кај кои со добро димензионирање на топлинската изолација може да се постигнат оптимални заштеди на енергијата, ова не е случај со застаклените елементи: прозорци, врати, натсветла, куполи.


Индустриски дизајн

Колку пати досега ви се случило да купите одреден производ не поради тоа што сте имале навистина потреба од него, туку само затоа што во моментот ви побудил позитивни чувства, едноставно не сте можеле да одолеете и сте морале да го имате? Естетиката, но подеднакво и функционалноста се клучните елементи за успех на еден индустриски дизајниран производ. Силното влијание на дизајнот е очигледано и претставува една од најмоќните алатки во бизнисот на глобалниот пазар.


Автомобилска техника

Јунакот на темата за хибридните автомобили е, без сомнение, Тојота Приус. Целиот овај текст ќе биде посветен токму на Тојота Приус. А има што да се искоментира и што да се каже. Ќе се насладуваме на нејзината вонвременска приказна од аспект на технологија и техника. Ќе ѕирнеме малку и под моторскиот капак за да видиме како актерите изгледаат во реален приказ. Ќе прокоментитам неколку карактеристични дијаграми и шеми со цел поблиско запознавање со овој автомобил.


Аудио и видеотехника

NAB (National Association of Broadcasters) е асоцијација на броткастери (радиодифузери) за вести, филм и друга продукција, истражување и ресурси, во која членуваат најголемите индустриски гиганти и организации на бродкастери.


Аудио и видеотехника

FOR-A, водечка компанија во производство на видео и аудиосистеми за бродкаст и професионална аудио и видеопродукција во втората половина на минатата година го промовираше својот нов производ CEQ-100HS Color Equalizer, уред за изедначување на боите, проблем кој им задаваше голема мака на луѓето кои работат во овој домен.


Електроника

Ако сакате на вашиот звучник да му испорачате тројно поголема моќност од вашиот стерео аудиозасилувач, потребна ви е магија. Или мостен адаптер, што е слично. Мостниот адаптер се состои од само едно интегрирано коло - двоен операциски засилувач и неколку отпорници и кондензаторчиња.


Електроника

Мало невнимание додека сакате со универзалниот инструмент да ја "измерите внатрешната отпорност" на мрежата од 230 V или кога не сакајќи се обидувате да ја измерите "максималната струја" што може да ја даде мрежното напојување. Резултат, силен пукот што ги прободува ушите, бел чад што штипе во очи, забрзана работа на срцето и се разбира каење за тоа како сте можеле да бидете толку невнимателни. Но, не очајувајте – инструментот можете да го поправите со помош на овој напис.


Информатика

Забрзувањето на вашиот компјутер може да биде сложен процес за кој е потребно многу време и знаење. Причините за бавната работа на системот се од различна природа - регистрите на Windows во себе содржат разноразни непотребни информации од деинсталирани или делумно деинсталирани програми, управувачките програми за хардверот можат да се застарени или пак во општ случај постојат цела низа на датотеки и процеси кои одземаат ресурси, а не се неопходни.


Информатика

Пазарот на SSD дискови е една област на PC индустријата каде што гледаме константен развој и еволуција, особено во последниве неколку години. Сä започна со првата генерација на модели, кои ветуваа многу повеќе од тоа што навистина можеа да го понудат. Сега, неколку генерации подоцна, на пазарот се нудат модели кои користат SATA 3 интерфејс и кои стануваат основа за нова генерација на PC.


Медицина

Фактите за шизофренијата се толку чудни, што навеле голем број научници да ги напуштат традиционалните објаснувања за оваа болест и да прифатат неверојатни алтернативи. шизофренијата, тие тврдат, не почнува како психолошка болест, туку верувале или не, шизофренијата почнува како ИНФЕКЦИЈА, а во прашање е вирус.


Телекомуникации

HTC Thunderbolt е одамна најавуваниот модел на HTC кој моментно го рекламираат како уред којшто мора да се поседува. Се работи за моќен телефон со добри технички карактеристики, кој, за жал, се сомневаме дека ќе го видиме во скоро време кај нас бидејќи е направен да функционира исклучително на 3G или 4G мрежа (не и на GSM).


Психологија

Во рамките на серијата "Мистериите на науката", замислена како дебата помеѓу авторот г. Симјановски и неговиот опонент г. Филевски, ЕМИТЕР објави два написа со теми за енигмата на душевните појави, едниот под наслов "Тајните на свеста" (ЕМИТЕР 3/10), вториот под наслов "Сликата на духот и на нематеријалната енергија" (ЕМИТЕР 3/11). И двата написа се всушност конфронтација помеѓу идеалистичкиот став на г. Симјановски и материјалистичкиот став на г.


Сеизмологија

Последните случувања во Јапонија ни даваат претстава за тоа колку опасни можат да бидат природните сили. Во суштина не се случи ништо ново. Земјотреси, цунами и хаварии на нуклеарна електрана во светот имало и порано. Она што е посебно страшно е нивната комбинација заедно. Ние сме осетиле и земјотрес и хаварија на нуклеарка, но како копнена земја малку знаеме за појавата на цунами. Што е цунами? Како настанува? Зошто е толку страшно?


Омнибус

Науката перманентно ни открива несомнени научни вистини, но некои од нив се спротивставуваат на нашиот здрав разум и ни изгледаат неверојатни. Во овој серијал ви претставуваме поголем број такви "неверојатни" научни вистини. На ред се нови три неверојатни научни вистини: ДНК кај човекот го надминува растојанието Земја-Месечина за 260 000 пати, Гравитацијата во орбита е речиси иста колку и на Земјата и Сахара беше зелена пред 6 илјади години.


Астрономија и астронаутика

Имајќи предвид дека астероидите од астероиднниот појас настанале во исто време кога и остатокот од телата во Сончевиот систем, логично е да се претпостави дека нивниот состав во време на настанувањето бил речиси ист како и на другите цврсти тела во системот. Имајќи предвид дека надворешните услови за нив останале исти како и тогаш уште пологично е да се запрашаме дали астероидите содржат податоци кои ја покажуваат староста на Сончевиот систем?


Електроника

Кога е потребна голема брзина при вклучувањето и исклучувањето, кога е потребна сигурност во работата во неповолни услови на опкружување (вибрации, влага, прав, чад...), бесшумност во работата и прекинување на големи вредности на струи без искрење на контактите, одлуката на избор е полуспроводнички (solid state) релеј како прекинувач.


Електроника

Во овој дел од рубриката електроника во кратки црти ви презентираме нови компоненти и настани од светот на електрониката. Се надеваме дека следејќи ги актуелностите од оваа област ќе успееме да ве приближиме кон новите трендови во електрониката, а со тоа ќе добиете и поцеловит увид во производството на "главните играчи" во оваа област со постојан подем.


Електроника

Како интегрираните кола навлегуваат во некои операции, кои пред нивната појава се изведувале со механички или дискретни електронски елементи, ќе биде прикажано на примерот на проследување на аудиосигнал од неколку извори на еден засилувач. Наместо механички прекинувачи, ќе видиме како се применуваат интегрирани прекинувачи и дигитални мултиплексери.


Електротехника

Инженерите на Макита направија електрична дупчалка за дупчење на големи дупки на места со отежнат пристап која е идеална за електричарски, водоинсталатерски, столарски и општи дејности кои бараат квалитетно и олеснето дупчење со голема моќност, висок момент на ротација, а сето тоа сместено во мала компактна агловна дупчалка.


Информатика

Во овој број ќе се занимаваме со некои од оние специфични технологии за сервери кои, иако на прв поглед изгледаат исти како она што го гледаме во просечниот домашен компјутер, кога ќе загребеме малку под површината се појавуваат многу разлики, од суптилни до многу драстични. Па, да почнеме…


Информатика

Секој од нив има нешто посебно по коешто мечтаете. Секој од нив на свој начин е уникатен, но сите сепак се исти. Колку повеќе дознаваме за нив, толку повеќе ни се отвораат можностите да дознаеме нешто ново, а толку убаво. Неодоливиот iMac 21.5 inch Core i3 стои пред вас…


Информатика

Откако во претходниот број ви го претставив во кратки црти новиот iPad 2, сега ќе се погрижам, откако ќе го купите, на него да не работите без потребните додатоци. Поради големиот број додатоци коишто се нудат за овој уред, јас ќе ви презентирам само неколку кои мислам дека најмногу ќе ви се допаднат. За да не дојде до забуна, во текстот ќе го пишувам како iPad наместо iPad 2.


Информатика

Потребата од централно чување на податоците, нивна безбедност и менаџирање на капацитетите како во деловни така и во домашни услови наметнува потреба од изнаоѓање на софтверски и хардверски решенија кои би требало да ги задоволат потребите и барањата на сите категории корисници. За таа цел поразговаравме со г. Франц Шерц, менаџер на Country Development Group за Македонија, Босна и Херцеговина, Малта, Молдавија, Албанија и Косово.


Физика

На крајот на април можевме да прочитаме низ голем број на весници дека Хигсовиот бозон, познат како "Божјата" честичка, беше откриен во лабораториите на ЦЕРН во Женева. Всушност оваа вест беше негирана од страна на ЦЕРН која објасни дека се работи за едно големо недоразбирање.


Омнибус

DreamBook ePad H10 HD;
Прва мобилна радиоаматерска радиоврска од велосипед во Македонија;
Консумирањето многу сирење е штетно;
Quickport Quattro;
"Индустриско производство" на органи за имплантација;
Декодирање на Рубиковата коцка;
Електрична формула 1 од 2013 година?;
Најраните мугри на земјиниот сложен живот;
Omnia.9 – суперуред за аудиопроцесирање;
Организми кои живеат без кислород;


Електроника

Колку и да е битна електричната шема на одреден уред, таа не претставува многу повеќе од десетина проценти од неговата вкупната техничка реализација. Имено, самата елетрична шема не ја покажува недвосмислено физичката поставеност на пооделните компоненти, како и начинот на кои тие се поврзани. Најголемиот дел од овие дилеми се разрешени уште со проектирањето на одредена ППК; но, кога се работи за реализација на High-End уред тоа како да не е доволно.


Електроника

Со цел да се подобри видливоста при магловито време, веќе неколку години наназад задното светло за магла е задолжително и за приколките. За да се избегне непријатната рефлексија кога светлото за магла на приколката е вклучено, на возилото што ја влече приколката светлото за магла треба да биде исклучено. За таа цел, 13-полните конектори за приколка се изработуваат со вграден прекинувач со кој се исклучува светлото за магла на возилото.


Писма
Проект за самоградба на авион
Практична реализација на засилувач со STA575
Напојување за лед светло за аквариум
Дигитален термометар со микроконтролер