ППК сервисот на ЕМИТЕР е наменет за поддршка на читателите – самоградители на електронски уреди. По навистина популарни цени нудиме плочки со печатени кола (ППК), самолепливи маски и програмирани чипови за електронските конструкции објавени во списанието и во нашите книги и брошури. На оваа страница е прикажан листинг на овие производи по години и броеви, а купувањето е овозможено преку нашата е-продавница (www.emiter.mk) во менијата “Печатени плочки (ППК)“, “Чипови“ и “Маски.

Сите производи од ППК сервисот на ЕМИТЕР се презентирани со фотографија и основни податоци за идентификација (за кој проект се наменети и во кој број на ЕМИТЕР е објавен тој проект) со што се елиминирани можните проблеми и непрецизности при одбирање и купување. Следете ги упатствата за купување и нарачаните производи ќе ги добиете на вашата адреса во најкраток временски рок.
Напоменуваме дека ЕМИТЕР не продава електронски елементи, кит-комплети, склопени модули или готови уреди. За тоа обратете се до фирмите и поединците кои тргуваат со електронски материјали - погледнете ги рекламите и малите огласи во списанието и на нашиот веб-портал.

П.С. Доколку некои плочки, маски и чипови ги нема во е-продавницата, а ги има во оваа листа и се достапни, тогаш можете да ги нарачате преку e-mail или телефон.

 


ЕМИТЕР 4-6/2017
Напис Шифра Цена Нарачај

Таурус 20 SSB QRP трансивер - предавател (TX)

ППК1701 160.00