Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Рубрика: Астрономија и астронаутика

НАСА тестира нов падобран за истовар на поголеми товари на Марс

Автор: Петар Лагудин

Објавено на: 12-04-2018 11:25



 Минатата недела НАСА објави видео, на кое таа за прв пат го презентира на јавноста тестирањето на најновиот модел на падобран, специјално дизајниран за спуштање на потешки товари на површината на планетата Марс. Да се потсетиме, истоварувањето на објекти со падобран на површината на Марс, не е нова работа, туку и досега таа беше применувана, такви примери се спуштањата на роверите, најнапред Spirit, па Opportunity, и на крајот Curiosity. Меѓутоа, во идните мисии за истражувања на Марс, НАСА планира спуштање на неговата површина, значајно потешки товари, па поради тоа беше нужно таа да дизајнира нов модел на падобран, способен да ги истовара тие значајно потешки товари, но и да примени нов, построг начин за негово тестирање, којшто, овде на Земјата, овозможува поточна симулација на условите на кои ќе биде изложен тој падобран под дејство на марсовата помала гравитација и неговата разредената атмосфера. Со новиот начин на тестирање треба да им се овозможи на конструкторите попрецизно да го следат однесувањето на падобранот при неговото спуштање на товарот. Да објасниме, досега тестирањата на падобраните за спуштање товари на Марс се извршувале во специјални воздушни тунели, но, тоа не овозможува целосен увид во однесувањето на падобранот при спуштање на потешки товари, па од тука нужно беше да се примени некој нов построг критериум на тестирањето. Во таа насока НАСА ја конституира програмата т.н. LDSD (Low Density Supersonic Decelerator), во превод “Надзвучен забавувач при ниска густина”. Според таа програма, тестирањето се врши на доста необичен начин, па ќе го опишеме!
На падобранот е приврзано јаже со должина поголема од 1 km, на долниот крај на јажето е обесен тег со тежина од 1 тон, на кој е вграден специјален механизам кој се активира во моментот кога тегот ќе ја допре површината на Земјата. Целата таа комбинација се подига со хеликоптер, и на одредена височина се испушта од хеликоптерот. Под дејство на тегот обесен на долгото јаже падобранот слободно паѓа кон површината на Земјата, (види ја сликата во прилог), но штом тегот ќе го допре тлото на земјата, вградениот механизам во него се активира и започнува јажето да го намотува на една макара, и на тој начин уште посилно да го влече падобранот кон тлото на земјата. Тој момент го симулира моментот на отварање на падобранот кога тој со голема брзина паѓа низ редката марсова атмосфера, па на тој начин конструкторите можат прецизно да го следат неговото однесување при спуштањето. Ваквото тестирање, според НАСА е неколку пати успешно извршено.
Нам ни останува уште само да причекаме на реализацијата на најавените идни мисии за натамошно истражување на “црвената планета”, Марс.



Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk