Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Рубрика: Омнибус

Хокинговите предвидувања за крајот на животот на Земјата

Автор: Петар Лагудин

Објавено на: 10-04-2018 14:15



Глобалното затоплувањена Земјата води кон нејзино претворување во огнена топка.По славниот Алберт Ајнштајн, Стивен Хокинг, којшто почина на 14. март оваа година, е еден од најпознатите физичари, особено познат по неговите студии и теории во врска со почетокот на нашиот универзум од Биг Бенг и теоријата за црните дупки, една од ретките научни теории што многу детално е разработена пред да се докаже нивното постоење. Неговата научна дејност ја изнесовме во еден претходен напис, но, Стивен Хокинг е познат и по неговите екстремно песимистички погледи околу прашањето како и кога ќе заврши нашиот свет. На оваа тема тој упати низа застрашувачки предупредувања за евентуален можен предвремен крај на животот на нашата планета. Во овој напис ќе се фокусираме токму на тие негови предупредувања, рангирани според степенот до која мера тие го загрозуваат опстанокот на човечкиот род на Земјата.
1. Глобалното затоплување на Земјата Стивен Хокинг го сметаше за едно од најголемите зла, па го рангираше на првото место на листата на загрозувачи на животот на Земјата. Во тој контекст тој предупреди дека доколку ние продолжиме со исто темпо да емитуваме во атмосферата на Земјата гасови што имаат својство да го потпомагаат загревањето врз принцип на т.н. “стаклена бавча”, нашата планета до 2600 година ќе се претвори во огнена топка со услови слични како на планетата Венера, каде средната температура е околу 250°C, па животот на Земјата повеќе нема да биде можен.
2. Пренаселеноста на планетата Хокинг ја сметаше за второ големо зло. Имено, перманентниот пораст на популацијата доведува до сè поголемо загадување на природата, што според него достигна точка од која нема враќање назад, па за спас на самите себе, ние треба да се ориентираме кон мултипланетско решавање на проблемот и да откриеме нови светови каде нашата популација би можела да се прошири. Во тој контекст тој велеше:” гледано на подолги патеки, човечката раса не треба сите јајца да ги држи само во една кошница, односно само на една планета, туку треба да ги расее во космосот во повеќе кошници на повеќе локации!”.
3. Нуклеарното оружје е закана за човечката популација. Агресијата и ирационалното однесување Хокинг ги сметаше за најлоши човечки особини, коишто водат кон нуклеарна војна со катастофални последици, уништување на самите себе што значи крај на човечката популација.
4. Роботите ќе ги заменат луѓето. Иако Хокинговиот живот во голема мера зависеше токму од вештачката интелигенција, тој предупреди дека “роботите може да бидат најлошиот изум во историјата на нашата цивилизација, имено, тие можат целосно да ги заменат луѓето”. Во тој котекст , Хокинг опоменуваше дека и покрај сите користи од роботиката, ние не сме свесни дека таа наскоро ќе го достигне нивото кога се заканува да ги редизајнира луѓето во наполно нов облик на живот, што ќе ги надмине нивните можности, па и целосно ќе ги замени.
5. Универзумот ќе стаса до неговиот крај. Хокинговиот финален труд беше комплетиран две недели пред неговата смрт. Во трудот тој потсетуваше дека во далечна иднина нашиот универзум ќе згасне во темнина откако ѕвездите ќе ја истрошат сета нивна погонска енергија. Но, според него, тоа не мора да значи и крај на нашата цивилизација, бидејќи човештвото претходно ќе се намножи до таа мера, што за да опстане ќе мора да го колонизира целиот универзум, па нема да му биде тешко да се пресели во некој друг соседен универзум. Имено, според Хокинг нашиот универзум не е единствен, туку е само еден од безброј други различни универзуми што го чинат Мултиуниверзумот. Меѓутоа, сè уште нема научен доказ за постоење на Мултиуниверзумот, па оваа Хокингова мисла асоцира на научна фантастика.
6. Можност да нè загрозат вонземјани. Стивен Хокинг веруваше во постоење на напредни вонземски цивилизации, па некоја од нив евентуално би можела да нè посети и да нè загрози. Ова тој го изјави во една специјална емисија со наречена “Внатре во универзумот со Стивен Хокинг” на ТВ-каналот “Discovery". Доколку тоа се случи, тој предвидуваше дека последиците за човештвото на Земјата ќе бидат исти како со домородците во Америка кога Кристофер Колумбо ја открил.
7. Можност да нè уништи вештачки вирус. Стивен Хокинг стравуваше дека со експериментите за креација на вакцина со вештачки вирус што би го уништувал канцерогеното ткиво, можно е случајно (или намерно) да биде создаден вирус што би можел да ја сотре целата човечка раса.

Ете, тоа беа во кратки црти Хокинговите предупредувања што се однесуваат на опстанокот на човечкиот род на Земјата, а кои луѓето треба најсериозно да ги сфатат ако сакаат да преживеат.
За крај, уште само ќе додадеме дека тој почина без да му се исполни неговиот долгогодишен сон – да лета во вселената. Урната со неговата пепел ќе биде поставена близу гробовите на двата великани на науката – Исак Њутн и Чарлс Дарвин, а по негова желба на неговиот епитафот ќе биде испишана формулата за ентропија на црните дупки, којашто тој ја формулирал. Слава му!

Глобалното затоплувањена Земјата води кон нејзино претворување во огнена топка.

Глобалното затоплувањена Земјата води кон нејзино претворување во огнена топка.

Кога универзумот ќе згасне, тоа не мора да значи и крај на човечката раса

Кога универзумот ќе згасне, тоа не мора да значи и крај на човечката раса

Стивен Хокинг не ја исклучува можноста да бидеме посетени од некоја вонземска цивилизација

Стивен Хокинг не ја исклучува можноста да бидеме посетени од некоја вонземска цивилизација



Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk