Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Рубрика: Информатика

Intel Core i9 - одговор на гејмерските молитви

Автор: Невенка Стојановска

Објавено на: 04-04-2018 13:53



 Да се земе десктоп компјутер со одлични хардверски компоненти и перформанси или да се жртвуваат перформансите за да се има мобилност? Вечната дилема на гејмерите, а и на сите кои имаат потреба од “ламја” лаптоп конечно е решена. Интел го претстави своето најново чедо што ќе им ги олесни маките - првиот Intel Core i9 процесор наменет за лаптопи.
Новиот процесор е дел од 8-мата генерација процесори од Интел. 8-мата генерација на Intel Core i5, i7 и i9 процесори за лаптопи се заснова на платформата Coffee Lake и носи 14 нанометарска процесорска технологија што овозможува и до 41 процент повеќе фрејмови во секунда при вртењето на игрите или за 59 проценти побрзо едитување на 4К видеоматеријал споредено со претходните генерации со иста дискретна графика.
На врвот од оваа група е i9-8950HK процесорот оптимизиран за потиснување на ограничувањата на перформансите. Се работи за прв шестјадрен процесор со 12 низи, доаѓа целосно отклучен и носи карактеристики како Intel Thermal Velocity Boost (TVB) што ја зголемува фреквенцијата на тактот до 200MHz , се разбира ако температурата на процесорот е доволно ниска и ако е достапен turbo power budget. Ова значи турбо фреквенција и до 4,8 GHz.
Оваа 8-ма генерација на Intel Core семејството процесори овозможува моќна мобилна платформа за создавање и развој на нови содржини. Со нив доаѓа и новата серија чипсети Intel 300 Series Chipset, што додава интегриран Gigabit Wi-Fi за неверојатно брза конекција.

Клучни зборови:
Intel, i9 за лаптоп, 8th Gen Intel Core, i9-8950HK




Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk