Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Рубрика: Биологија

Наука на тривијалното или мистеријата на пукањето прсти

Автор: Невенка Стојановска

Објавено на: 03-04-2018 15:07



 Сите го правиме тоа, некогаш несвесно, некогаш да ја разбиеме нервозата или, пак, при масирање на шаката со која работиме. Пукањето прсти е повеќе од навика. Но, како настанува звукот при ова толку тривијално дејство? Одговор на ова дава истражувањето објавено деновиве во списанието Scientific Report.
За да одговорат на ова прашање научниците се свртеа кон математички формули. Тие создадоа равенки коишто опишуваат што точно се случува во просторот исполнет со течност помеѓу прстите и коските на рацете, местото за кое се сомневаат дека е изворот на звукот при пукањето на прстите. Потоа, за да го објаснат звукот, тие ја ставија на тест следната идеја: Кога зглобот се проширува за време на чинот на пукање на прстите во просторот исполнет со течност се формираат меурчиња. Некои научници сметаат дека последователниот колапс на овие меурчиња е она што го предизвикува звукот на пукање.
Ова видување се покажа точно при пресметките. Колапсот на "математичките" меури во зглобовите на прстите генерирал звучни бранови што изгледаат исти како и оние создадени во реалноста. Ова откритие е во спротивност со наодите од истражувањето од 2015 година, каде се тврди дека формирањето на меури го создава звукот на пукање, а не нивниот колапс. Не е јасно дали новите откритија ќе ја завршат дебатата еднаш засекогаш - но како и да е, следниот пат кога ќе ги пукате прстите, знајте да ка за тоа се “виновни” меурчињата во вашите зглобови.




Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk