Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Рубрика: Астрономија и астронаутика

Откриена галаксија што не содржи темна материја!

Автор: Петар Лагудин

Објавено на: 02-04-2018 12:30



 Една група научници од Универзитетот Јејл (Yale), под раководство на Петер ван Докин (Pieter van Dokkin), деновиве објави студија во научното списание Nature, кадешто тврдат дека откриле далечна галаксија којашто во нејзиниот состав не содржи т.н. темна материја (dark matter). Да објасниме, темната материја е невидлива материја, присутна во секоја галаксија покрај обичната видлива материја, но за разлика од неа, темната материја не емитува светлина, па поради тоа е невидлива. Сепак, нејзината присутност во секоја галаксија лесно се открива врз основа на нејзиното гравитациско дејство што таа го врши врз космичките објекти и со тоа овозможува галаксиите и јатата галаксии да не се распаднат, туку да се одржуваат во заедница.
Откриената галаксија NGC 1952-DF2, или покусо само DF2, по димензии е поголема од нашата галаксија Млечен пат, меѓутоа, содржи околу 250 пати помал број ѕвезди од нашата галаксија, па нејзиниот изглед наликува на провидна ретка маглина (види ја сликата во прилог). Од Земјата е оддалечена 65 милиони светлински години. Откритието е реализирано со оптичкиот телескоп "Dragonfly" (Вилинско коњче) инсталиран во Аризона, САД, а специјално дизајниран за откривање далечни и слаби светлински извори,.
Досега научниците беа уверени дека сите галаксии содржат темна материја, па очекувале дека и новооткриената галаксија DF2 би морала истата да ја содржи. Дури, според нејзините димензии, очекувале да содржи околу 30 пати повеќе отколку што има обична материја. Меѓутоа, со мерење на брзините на движење на ѕвездените јата од периферијата на таа галаксија, екипата заклучила дека тие брзини точно кореспондираат со состојба без присуство на темна материја, а исто така и пресметката на вкупната видлива маса во галаксијата кореспондира со износот на масата од само видливата материја (ѕвездите). Овие две констатации не оставаат простор за постоење на темна материја кај оваа галаксија.
“Тоа е големо изненадување, коешто ја става под прашање постоечката теорија за улогата на темната материја во формирањето на универзумот”, изјави лидерот на истражувачката група и главниот автор на студијата, Петер ван Докин.
Другите научници не ја доведуваат во прашање пресметката направена од наведената група, меѓутоа, наведуваат дека резултатот од пресметката е збунувачки. Сепак, и покрај тоа, тие сметаат дека, “доколку ова откритие се потврди, тоа нема да ги потресе темелите на постоечката физика, туку недостатокот на темната материја кај оваа галаксија, ќе помогне да се докаже дека таа материја навистина постои”.



Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk