Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Рубрика: Омнибус

Знаевте ли дека ...

Автор: Редакција Емитер

Објавено на: 02-04-2018 11:58



 1. Во круг со пречник од 24 светлински години (СГ) околу нашиот сончев систем има 7 поединечни ѕвезди слични на нашето сонце, кои би можеле да имаат планетни системи со услови за појава на живот, а тие се: Епсилон Иридани - 10,8 СГ; Тау Цети - 12, 2 СГ; Сигма Змеј - 18 СГ; Делта Паун - 19,9 СГ; 82 Иридан; Бета Водна Змија - 21,9 СГ и Зета Тукан.
2. Атомските честички, главно, се делат на две гупи и тоа: лептони (лесни) и хадрони (тешки). Хадроните понатаму се делат на бариони (протони и неутрони) и мезони кои можат да бидат стотина пати потешки од електроните. Пронаоѓачот на каоните, Лион Ледерман, кој е еден од најголемите физичари на денешнината, мисли дека постојат и супермасивни честички наречени икс бозони кои би требало да бидат милион милијарди пати потешки од протонот.
3. Кога човек би можел да издржи температурни разлики од плус 450 па до минус 180 целзиусови степени и кога би се нашол во Базенот на топлината на планетата Меркур, би бил сведок на необичното патување на Сонцето на небото на Меркур. Трипати поголемата усвитена Сончева топка би се појавувала на исток и откако 33 Земјини денови полека би се искачувала по небото, би почнала полека да се спушта кон јужниот хоризонт. На четириесеттиот ден, наеднаш, би застанала и 8 денови би се движела наназад за потоа повторно да го продолжи своето патување по сводот и по цели 58 Земјини денови да зајде на запад.
4. Кога Алберт Ајнштајн слушнал дека Американците фрлиле две атомски бомби над јапонските градови Хирошима и Нагасаки во август 1945 година, изјавил: Да знаев што ќе сторат, немаше да бидам физичар, туку чевлар!
5. Селото Младо Нагоричани - Кумановско е влезено во Гинисовата книга на рекорди поради тоа што некогаш во минатото имало дури 40 цркви и во турските доументи е запишано како “крк клисе” што во превод значи - 40 цркви.




Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk