Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Рубрика: Фототехника

Втор Интернационален самит за фотографи и видеографи

Автор: Невенка Стојановска

Објавено на: 31-03-2018 12:13



 Од 27-ми до 29-ти овој месец во Мала Станица се одржа Вториот Интернационален Самит за Фотографи и Видеографи. Самитот е единствениот регионален собир, чија цел е да ги обедини професионалните фотографи и видеографи, како и останатите што размислуваат професионално да се занимаваат со фотографија или видео, почнувајќи свој сопствен бизнис, но и сите вљубеници во фотографијата и видеото, на тридневен едукативен настан.
Идејата за организирање на оваа конференција е да се постави паралелна и отворена дискусија за фотографијата како бизнис и уметност, како и начинот на изработка на истата во светот и во регионот.
Манифестацијата претставуваше одлична можност да се научат различни техники во фотографијата, нов пристап, трикови и насоки од најголемите и најуспешните имиња во фото-бизнисот во моментов.
Во Работилницата своите знаења и искуства со присутните ги споделија: CM Leung -фотограф (Хонг Конг), преку предавањето на тема “Како да фотографирате нестандардни венчавки“; Greg Moment и Alina Płaczek - фотографи (Полска) на темата ”Фотографија за новороденчиња - Како да започнете успешен бизнис?“; Pascal Délé – кинематограф (Франција) даде свое видување и искуства на тема “Моќта на филмот“; Марко Маринковиќ - фотограф (Хрватска) на тема “Заедницата преку натпреварување - Преглед на индустријата преку фокус точки и начини како да ги добиете клиентите што ги сакате“; Душан Стојанчевиќ - фотограф/кинематограф (Србија) на тема “Time Lapse фотографија и нејзината комерцијална употреба“; Владимир Георгиев Фото II - фотограф (Македонија) на тема “Stock фотографија како бизнис“; Орце Поповски - фотограф/фото-техничар (Македонија) на тема “Tips&Tricks како подобро да се грижите за својата опрема“
На настанот со свои штандови беа приситни и PIX+, Sony Македонија, Polyesterday кои понудија директна можност за присутните да се запознаат и со техничките новитети од областа на фотографијата и видеопродукцијата.
Сите учесници на Самитот имаа можност да учествуваат во фотоконкурс со по 1 фотографија од нивните најдобри фотографии за изминатите 12 месеци, за што следуваа вредни награди за најдобрите.


Клучни зборови:
фотографија, кинематографија, видеопродукција, работилница, фото-самит, фотоконкурс, видеографи, фотографи









Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk