Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Рубрика: Математика

Бушава математика

Автор: Петар Лагудин

Објавено на: 29-03-2018 15:23



 Еве една загатка за “вежба” на мозокот. Да замислиме дека имаме девет јајца со идентична големина и изглед, меѓутоа само едно од нив е потешко од другите, но ние не знаеме кое. Ние можеме да го откриеме потешкото јајце со поединечно мерење на масата на секое јајце, но притоа може да се случи да мораме да го повторуваме мерењето вкупно 8 пати. Кој е минималниот нужен број на мерења за да го откриеме потешкото јајце?
Одговорот е можеби изненадувачки, тој гласи: само 2 пати. Еве го патот. Најнапред ќе ги групираме јајцата во 3 групи, секоја по 3 јајца. Сега со ставање на вага-терезија ќе ги компарираме масите на кои било 2 групи. Ако едната од двете групи е потешка, ќе ги компарираме масите на кои било 2 јајца во потешката група, па потешкото јајце ќе се покаже. Но, ако групите се во рамнотежа, потешкото јајце не е во ниедна од нив двете, туку е во третата група, затоа ќе ги компарираме масите на кои било две јајца од третата група.


Клучни зборови:
математика, мерење, логика



Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk