Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Рубрика: Климатологија

Арктикот никогаш веќе нема да биде целосно покриен со мраз!

Автор: Петар Лагудин

Објавено на: 01-01-2018 23:54



 Ова крајно песимистичко претскажување на судбата на Арктикот научно е наполно основано. Имено, топењето на Арктичкиот лед перманентно се забрзува, така што во последната деценија неговата површина и дебелина драстично се намалиле. Според информациите од НАСА и од американскиот институт NSIDC (National Snow and Ice Data Center, во превод Национален Центар за Податоци за Снег и Лед), површината на Арктичкиот лед (види ја сликата во прилог) во денешно време е помала за 260 000 km2 во споредба со нејзиниот износ во минатата година во ист годишен временски период, и истовремено е најмала досега во споредба со последните 38 год., гледано во ист годишен временски период. Откако од 1979 година започна да се следи температурата на Земјата преку сателит, оваа година е трета по ред најтопла година во низата од последните 3 година, и како последица од тоа, температурата на Арктичкиот океан се покачила за 2,50C над нејзиниот просечен износ, нешто коешто досега било незамисливо за климатолозите. Но, која е причината за ова забрзано затоплување на Арктикот со последица од забрзано исчезнување на неговиот лед, и тоа со стапка поголема од стапката на глобалното затоплување на Земјата!? Причината е во претходното извесно намалување на површината на Арктичкиот лед, кој со својата белина всушност има улога на рефлектор на сончевите зраци и ги одбива во толку поголема мера, колку што е поголема неговата површина, и пропорционално на тоа го намалува и загревањето на Арктикот, но важи и обратно! Тоа значи дека Арктикот веќе никогаш нема да може да се врати во неговата првобитна состојба, туку перманентно ќе се затоплува, па неговата ледена покривка перманентно ќе се намалува!
Загриженоста на климатолозите деновиве доведе до еден научен собир во Њу Орлеанс, на кој група научници експерти во областа “поларна климатологија” настапи со декларација за загриженост за судбата на Арктикот. Нивното гесло беше; “Арктикот, каков што ние некогаш го знаевме, денес тој не е повеќе таков!”
Дури и американскиот поморски институт NOAA (National Oceanic and Atmospheric Administation), ја препозна големата промена во изгледот на Арктикот, па дури и му даде ново име; “New Arctic” (Нов Арктик). Директорот на тој институт, Џереми Матис (Jeremy Mathis), инаку стручњак во областа наутика, повеќе пати бил во посета на Арктикот и разочарано изјавил дека “Арктикот повеќе не може да се препознае!” Воедно тој ја објаснил и оправданоста од загриженоста на научниците за натамошниот тек на климата воопшто, објаснувајќи дека ефектот од загревањето на Арктикот допира и подалеку од него, па така во Северна Америка се повеќе се покажуваат индикации за екстремни временски промени, какви што се на пример заклучоците од најновите климатски истражувања, јавно објавени во медиумите во почетокот на минатиот месец, според кои наводно јасно се покажува јака поврзаност помеѓу перманентното намалување на поврвнината на Арктичкиот лед и експандирачката опасност од појава на суша во Калифорнија.
Во тој контекст, според администраторот на NOAA Тимоти Калаудет (Timohy Callaudet), “Белата Куќа” во САД, е запознаена со оваа опасност, па ќе видиме како таа ќе реагира, и дали и натаму ќе се држи надвор од светски усвоените мерки против глобалното затоплување на Земјата!?




Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk