Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Рубрика: Аудио и видеотехника

Cambridge Audio мрежни плеери

Автор: Владимир Филевски

Објавено на: 30-12-2017 14:15



Cambridge Audio CXNМрежните (network) плеери последниве години се сè попопуларни, зафаќајки значаен дел од светскиот пазар на хај-фај уреди. Што е нивната предност? Наместо да трошите многу пари на купување оригинални ЦД дискови, можете да ја платите само услугата на провајдерот кој преку интернет ќе ви достави секоја песна или композиција што ќе ја посакате од нивната огромна база на музички содржини. Така, не мора да купувате цело ЦД за да уживате само во баш таа една песна која ви се допаѓа од целото ЦД. Дополнително, секогаш можете за соодветна сума да даунлодирате она што сакате да го имате постојано на хард-дискот. Иако најголемиот број на ваквите провајдери испорачуваат музички содржини само во МП3 формат (од 160 до најмногу 320 kbps), за вистинските аудиофили на располагање им се провајдери (на пример Tidal) кои нудат музички содржини во оригиналната висока резолуција (FLAC).
Но кој мрежен плеер да го купите? Добар показател се наградите и препораките од специјализираните хај-фај списанија, а тука неприкосновено водат производите на Cambridge Audio, и тоа моделот CXN во средната класа и Azur 851N во високата, кои три години по ред се прогласувани за најдобри во своите категории. Во Azur 851N се вградени два high-end конвертора Wolfson WM8740 , а во CXN два висококвалитетни D/А конвертори Analog Devices AD1955. Подржани се сите можни аудио формати, а за почетокот на 2018 година е најавен софтверски upgrade за компатибилност со провајдерот Tidal за репродукција во висока резолуција.
Овие мрежни плеери, како и сите други производи на Cambridge Audio можете да ги купите кај ексклузивниот македонски застапник Алфа Аудио, во стариот трговски центар Капиштец, локал 12. Контакт телефон (02) 320 9 320, или посетете ја нивната веб-страница www.alfaaudio.com.mk


Клучни зборови:
Cambridge Audio, мрежни плеери, CXN, Azur 851N
Cambridge Audio CXN

Cambridge Audio CXN

Cambridge Audio Azur 851N

Cambridge Audio Azur 851N

Cambridge Audio Azur 851N

Cambridge Audio Azur 851N

Cambridge Audio CXN

Cambridge Audio CXN

Cambridge Audio CXN

Cambridge Audio CXN



Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk