Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Рубрика: Информатика

Денот кога умре неутралноста на интернетот

Автор: Зоран Ивановски

Објавено на: 19-12-2017 22:03



 Веќе четири дена минаа откако е донесена, според могумина, спорната одлука за укинување на неутралноста на интернетот, но реакциите засега се, што би се рекло, на “позитвна нула“.
Иако реално се очекуваа бурни реакции, тие засега изостануваат.
Што стои зад оваа контроверзна одлука на Федералната комисија за комуникации (FCC) на САД е прилично нејасно, а штируте и “завиткани во фолија“ објаснувања само уште повеќе ги подгреваат шпекулациите.

Дали оваа одлука е контроверзна или не ќе покаже наредниот период. Но, дека директно удира врз неутралноста на интернетот, тоа е повеќе од јасно.
За што конкретно се работи?
Големите сервиси како YouTube, Facebook, Google и други ја делат мрежата, односно протокот на податоци заедно со останатите, поголеми/помали сервиси, веб-страници итн. Притоа, брзината на пристап кон нив честопати зависи од оптовареноста. Односно, “останатите“ субјекти на некој начин ги задушуваат и ја “опструираат“ брзината на пристап. Сето тоа поради еднаквото користење на ресурсите, без никакви рестрикции во поглед на брзината на протокот на информации.
Со одлуката на FCC брзината на пристап ќе се расподелува според платежната моќ – оние сервиси кои ќе платат за тоа, ќе добиваат приоритет во поглед на користењето на ресурсите/инфраструктурата, односно загарантирана поголема брзина. Тоа веруваме нема да биде проблем за Facebook, YouTube и останатата елита, но секако ќе претставува проблем за помалите субјекти, кои доколку не платат за приоритет, ќе го делат преостанатиот проток на податоци со другите слични “неплаќачи”. Можеме да замислиме како тоа ќе се одрази врз “старт ап“ бизнисите, кои се ависни од интернетот – пристапот кон нивните веб страници и сервиси може да биде драстично ограничен, а со тоа во старт се намалува интересот за нив.
Значи, фирмите кои можат да си дозволат да платат за приоритет ќе добијат поголема брзина на пристап кон нивната веб-страница, за разлика од помалите кои тоа не можат да си го дозволат. И тоа во рамките на еден ист провајдер.
Како ова ќе се одрази кај нас?
Сè уште е рано да се предвиди. Прво, одлуката на FCC сè уште не е верифицирана од Конграсот на САД за да стане правосилна. Кога и дали ќе се случи тоа сè уште не е познато.
Исто така, нема објаснение како тоа ќе се спроведе во дело во САД, која и каква ќе биде улогата на интернет провајдерите како во САД така и во останатите делови од светот, и што доколку не секој прифати да ја спроведува оваа одлука?
Премногу непознаници, и тука ќе завршиме.
Секако, ќе бидеме во тек со настаните и ќе ве известуваме.





Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk