Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Рубрика: Астрономија и астронаутика

"Гостин" во нашиот Сончев систем - астероид или вонземно летало?

Автор: Петар Лагудин

Објавено на: 18-12-2017 20:35



 Астероидот “Oumuanua" е  “гостин” во нашиот Сончев Систем
Откриен е астероид со невообичаена издолжена форма, па група научници, вклучувајќи го и познатиот физичар Стивен Хокинг (Stephen Hawking), го поставија прашањето дали тој објект можеби е вештачка творба, евентуално вселенско летало на некоја напредна вонземна цивилизација.

Една научна екипа од Астрономскиот Институт на Хаваите, пред некој месец откри во средишниот дел од нашиот Сончев систем многу чуден космички објект, којшто наликува на астероид, нумериран е под број A/2017U1. Врз основа на анализа на неговата невообичаено чудна траекторија, речиси вертикална на равнината еклиптика во која орбитираат сите тела во сончевиот систем, научниците заклучиле дека тој потекнува од просторот надвор од нашиот сончев систем, па во тој контекст истражувачката екипа му даде второ име на објектот, го нарече астероид “Oumuanua", кратенка од кованица, којашто на хавајски јазик значи “Прв гласник дојден од надвор”. Имено, ова е прв случај во нашиот сончев систем да биде идентификуван објект “странец”, кој според астрономите талкал низ нашата галаксија “Млечен пат” повеќе од 100 милиони години без да биде поврзан со ниеден ѕвезден систем. Да објасниме, сите досега идентификувани талкачки космички објекти, кометите и астероидите видени во нашиот сончев систем, потекнуваат исклучиво од региони внатре во нашиот сончев систем, имено, потекнуваат или од астероидниот појас помеѓу планертите Марс и Јупитер, или од Куиперовиот појас лоциран зад орбитата на планетата Нептун!
Откриениот објект, освен што има многу чудна траекторија, како што веќе наведовме вертикална на рамнината на еклиптика, тој има и многу чуден облик, кој асоцира на пура за цигара. Долг е околу 400 метри, а дебелината му е 10 пати помала од неговата должина, па според тоа, тој воопшто не наликува на ниеден од астероидите со потекло од нашиот соларен систем (види ја уметничката визија на слика 1 во прилог). Има црвеникава нијанса на обоеност, а неговата осветленост варира со периода 7,3 часа, што е последица од неговата сопствена ротација.
Како последицата од неговата вертикална траекторија во онос на еклиптиката, патувајќи низ нашиот сончев систем тој не се вкрстуваше со орбитите на ниедна планета, туку директно влезе вертикално внатре во средишниот простор на сончевиот систем, попрецизно кажано во просторот помеѓу планетата Меркур и Сонцето (види слика 2 во прилог). Натаму, на 9 септември тој имаше “блиска средба” со Сонцето, чијашто гравитација му ја сврти траекторијата така да тој излезе надвор од просторот помеѓу Сонцето и Меркур со изменета траекторија речиси паралелна со рамнината на еклиптиката, па тогаш тој започна да се вкрстува со орбитите на планетите. Така на 14 октомври тој ја пресече орбитата на Земјата на дистанца од околу 24 милиони km, патувајќи со брзина 44 km/s, релативно во однос на Сонцето. Потоа на 1 ноември тој ја пресече орбитата на Марс и продолжи да патува кон орбитата на Јупитер со која ќе се вкрсти во месец мај 2018 год.. Потоа ќе продолжи кон орбитата на планетата Сатурн, неа ќе ја пресече во јануари 2019 год., на крај на 2022 год. ќе ја помине и орбитата на планетата Нептун, и конечно ќе се упати кон излез од Сончевиот систем, во насока кон соѕвездието Pegasus. Со тоа “гостинот” A/2017U1 (“Оumuanua") ќе ја заврши “посетата” на нашиот Сончев систем.
Но прикаската не завршува тука. Имено, врз основа на наведените чудни карактеристики на предметниот објект, невообичаени за други космички објекти, една група научници составена од еминентни физичари, вклучувајќи го и познатиот физичар Стивен Хокинг (Stephen Hawking), го поставија прашањето дали тој објект можеби не е природна творба, туку е вештачки, евентуално вселенско летало на некоја напредна вонземна цивилизација.
Како адут, групата своето внимание го посочи, во прв ред, на чудниот издолжен облик на објектот, сличен на пура, толкувајќи го тоа како можност тој облик да е вселенска архитектура погодна за минимизирање на фрикцијата (триењето) со меѓуѕвездениот гас и прашина, што е многу актуелно за меѓуѕвездени патувања со голема брзина, каква што ја има предметниот објект!
Исто така, движењето на тој објект е многу чудно “чисто”, имено, тоа е без емитување на вообичаениот облак од космичка прашина, којшто астрономите редовно го гледаат околу секој астероид. Според експертите, таа “чистота” сугерира можност тој објект да е направен од метал.
На тоа се надоврзува и неговата невообичаена хиперболична траекторија, и тоа во рамнина што е вертикална во однос на рамнината на еклиптиката, во којашто со мали отстапувања орбитираат сите објекти во Сончевиот систем! Имено, да објасниме, сите небески тела во Сончевиот систем орбитираат со елипсести траектории, а не со хиперболични, па токму тоа го оддава предметниот објект дека не потекнува од нашиот Сончев систем.
Но, сето тоа наведено, сепак, не е доволно цврст доказ во прилог на вештачката конструкција на објекот, па екипата научници во потрага по таков доказ ќе го следат натамошното движење на објектот преку најголемиот светски радиотелескоп лоциран во Грин Бенк Green Bank, Западна Вирџинија, САД, обидувајќи се, евентуално, да идентификуваат некој радио-сигнал, кој не би можел да потекнува од природен извор, туку само од вештачки извор. Ако во тоа успат, тоа би била прва “блиска средба” меѓу цивилизација од Земјата и цивилизација од надвор не само од Земјата, туку и надвор од нашиот Сончев систем, и доказ дека ние не сме сами во космосот!
Астероидот сега патува кон орбитата на планетата Јупитер, и како што веќе рековме, неа ќе ја пресече во месец мај, 2018 год.
Ние ќе го следиме текот на натамошното истражување и во врска со тоа ќе известуваме!

 Астероидот “Oumuanua" е  “гостин” во нашиот Сончев Систем

Астероидот “Oumuanua" е “гостин” во нашиот Сончев Систем


 Патеката на астероидот низ внатрешниот дел од Сончевиот систем

Патеката на астероидот низ внатрешниот дел од Сончевиот систем



Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk