Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Рубрика: Физика

Громовите и молњите освен електрицитет генерираат и антиматерија

Автор: Петар Лагудин

Објавено на: 03-12-2017 22:37



 Секавиците (молњите и громовите) во секојдневниот живот имаат значење на електрично празнење помеѓу две различно наелектризирани средини, меѓутоа во жаргонот на науката, молњите се природни акцелератори (забрзувачи) на честички (particle collider), коишто од атомите можат да исфрлат електрони со брзина блиска до брзината на светлината. Кога тие исфрлени електрони ќе удрат во некои атоми тие генерираат “гама- радијација”, всушност највисоката енергетска форма на електро-магнетската сила. Уште од претходните истражувања постои сугестија дека гама-радијацијата може да генерира невообичаени ефекти – да креира материја и антиматерија, согласно со Ајнштајновата фамозна формула за еквивалент на масата со енергијата E=m•c2, па тие две големини под одредени услови, можат да се трансформираат една во друга. Во тој контекст високата енергија од гама-радијацијата генерирана од молњите, може да генерира парови од електрони и нивни двојници со позитивен полнеж, познати како позитрони, всушност честички од антиматерија, кои веднаш потоа се анихилираат со нивните двојници, електроните.
Потврда за сето ова, стаса во најново време од научниците од Јапонија, имено, тие објавиле дека имаат прв доказ дека секавиците, освен електицитет, истовремено продуцираат и “гама-радијација”, чија висока енергија се трансфорира во материја и антиматерија, во склад со претходно наведената Ајнштајнова формула E=m•c2. За да дојдат до тој заклучок, јапонските научници анализирале податоци од секавици коишто се случувале на јапонското морско крајбрежје, а биле евидентирани од радијацијски детектори лоцирани во нуклеарната станица “Ниигата”. Така во една од најјаките секавици, истражувачите детектирале веднаш по блесокот на молњата, гама-радијација најнапред во краткотраен интервал, помал од милисекунда, а 35 секунди по блесокот, детектирале нов подолг интервал на гама-радијација, кој имал време-траење приближно една минута. Објаснувањето на научниците за таквата појава е следното. Првата краткотрајна радијација веднаш по блесокот, научниците ја толкуваат како фаза на избивање неутрони од атомските јадра од страна на електроните забрзани под дејство на гама-радијацијата до брзина блиска до брзината на светлината, а подоцнежниот интервал со минутно време-траење на гама- радијацијата научниците го толкуваат со фаза на анихилирање (поништување) помеѓу електроните и антиматеријата (позитроните), двете генерирани под дејство на гама-радијацијата. Ваквото толкување тие го објаснуваат со математичка пресметка, којашто покажува дека гама-радијацијата во овој подолг временски интервал ослободила точно толкаво количество енергија коешто соодветствува со енергијата нужна за поништување на создадените електрони и позитрони.
Освен генерирање на антиматерија, овој наод сугерира и дека секавиците можат да генерираат и некои радиоактивни изотопи во земјината атмосфера, на пример на јаглерод, азот и кислород, дури и да послужат како детонатори на некои други нуклеарни реакции.




Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk