Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Рубрика: Електротехника

Врвниот шведски рачен алат од Bahco достапен и кај нас

Автор: Томе Скендеровски

Објавено на: 02-12-2017 15:09



 Стари се вистините дека без алат нема занает, дека алатот мора да е квалитетен, дека рачниот алат мора добро да “лежи” на рака, дека алатот штеди време, дека рачниот алат не смее да го повреди операторот, дека ..... Сето ова а и многу други комплименти со право ги има заслужено и со гордост ги истакнува шведскиот производител на рачен алат Бахко (Bahco). Шведска е позната технолошка светска суперсила, шведска е позната по одличниот челик кој нема конкуренција и шведска е позната по својата моќна индустрија. Сето ова гарантира врвен квалитет на фирмата Бахко која е позната пред сè по производството на суперквалитетен алат за сечење. Но, и другите рачни алати се предизвик и гордост за оваа фирма. За Бахко нема нерешлив проблем во делот на понуда за рачен алат. Генерално, скоро сите потреби во праксата од рачен алат се покриени.
Квалитетен алат значи дека тој ќе е долговечен, сигурно и безбедно ќе си ја врши својата работа и, што е најважно, не може да се случи неговата употреба да го оштети механизмот кој се поправа. Ова најмногу го знаат и ценат мајсторите. Бахко алатите во оваа смисла немаат конкуренција и нудат гаранција за тоа.
Фирмата Бахко постои речиси 130 години и има два центра. Првиот е во Шведска и се занимава со производство на алат за сечење и е позната како Cutting Division, а другиот е во Шпанија и е позната како Turning Division а се занимава со производство на универзален рачен алат. Креативноста на стручњаците од Бахко и примената на најновите и најквалитетни машински материјали се гаранција и најдобра препорака вистинскиот избор на професионалците да е алатот Бахко. Нивната понуда од преку 15 000 референци (производи) ги задоволуваат практичните потреби и на најзахтевните и најпребирливите професионалци а тоа е цел и прв мотив во нивната работа. Бахко може да се пофали и со преку 400 патенти ширум светот што оди на нивното конто како голема посветеност кон купувачите. Едноставно, ако го барате производителот број еден во светски рамки на рачен алат од врвен квалитет изборот ќе биде само Бахко (Bahco).
БАХКО е присутен во Македонија преку компанијата Еуроимпекс. Познатата македонска фирма Еуроимпекс веќе 24 години е официјален застапник на Бахко во Македонија. На нејзината веб-страница (тука) можат да се најдат повеќе податоци за овие алати и секако целокупната палета на нејзини производи се претставени во каталози во PDF формат кои можат да се симнат од оваа веб страница и од нив да се нарача потребниот алат. Повеќе за Бахко и нивните производи можете да видите тука


Клучни зборови:
Бахко, Bahco, рачен алат, алат за сечење, cutting divisin, turning division


Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk