Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Рубрика: Аудио и видеотехника

Звучниците Monitor Audio Climate

Автор: Владимир Филевски

Објавено на: 19-11-2017 12:48



 Надвор, на терасите од кафеаните и рестораните, и во изгор лето, и во кочан зима, музика мора да има! Пред да се сожалите на кутрите музичари, ова се однесува на кутрите звучници кои мораат безгрижно да ги издржат сите климатски промени, заедно со глобалното затоплување. Не сите звучници можат да преживеат екстремни атмосферски влијанија и сончева ултравиолетова терапија, тоа е резервирано само за професионалните звучници специјално конструирани за таква намена – на пример, какви што се звучниците од серијата Climate (колку соодветно име!) од британската фирма Monitor Audio. Нивниот нормален режим на работа се одвива во неверојатниот распон од –25o C до +65o C, резистентни се на ултравиолетовото зрачење од Сонцето и овозможуваат комплетна заштита од прашина и од директно прскање со вода („и да врне, и да вее...“), според стандардот IP56. Отпорноста од надворешните влијанија е осигурана со цврстиот полипропиленски кабинет, мембраната на високотонецот и на бас/среднотонскиот звучник е изработена од C-CAM керамичкиот материјал, а наместо бас-рефлекс цевка што не обезбедува дихтување за вода и прашина употребена е пасивна мембрана што еднакво добро ги засилува најниските фреквенции.
Серијата Climate е составен од 4 модели, за сите намени: најмалиот звучник Climate 50 има бас/среднотонец од 5,5 инчи (14 cm) и еден високотонец од 1 инч (2,5 cm), поголемиот Climate 60 има бас/среднотонец од 6,5 инчи (16,5 cm) и еден високотонец од 1 инч (2,5 cm), следниот модел Climate 60-Т2 има два високотонца од 1 инч, а најголемиот модел Climate 80 има бас/среднотонец од 8 инчи (20 cm) и еден високотонец од 1 инч.
Звучниците од серијата Climate на Monitor Audio можете да ги купите со 25% попуст за време на предновогодишниот попуст, кај ексклузивниот македонски застапник Алфа Аудио, во стариот трговски центар Капиштец, локал 12. Контакт телефон (02) 320 9 320, или посетете ја нивната веб-страница тука







Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk