Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Рубрика: Електроника

Успешно заврши балканскиот натпревар по LabVIEW

Автор: Н Н

Објавено на: 30-10-2017 02:14



 Факултетот за електротехника и информациски технологии, на 28 и 29 октомври беше домаќин на седмиот балкански натпревар по LabVIEW на кој учествуваа 23 натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска и Словенија.

Натпреварот по LabVIEW се состои од социјален натпревар, поединечен натпревар и екипен натпревар. На социјалниот натпревар победи тимот Vitamin B составен од студентите Константин Кузмановски од Македонија, Кристина Аврамовиќ од Србија, Матеј Ногиќ од Хрватска и Гашпер Божиќ од Словенија.
Во екипните натпревари, во кои учествуваат седум екипи, првото место го освои тимот од Електротехничкиот факултет од Белград, а на второ место се пласираше тимот од Техничкото свеучилиште од Загреб. Третото место припадна на домаќинот, ФЕИТ, чија екипа ја сочинуваа студентите Константин Кузмановски, Илија Ивановски, Ведран Симовски, Илир Селмани, Николчо Петковски и Мино Тодоров. Натпреварот се состои од програмирање хардвер и софтвер кој треба да одговори на детални барања од проектната задача и трае вкупно 4 часа.
На поединечниот натпревар најуспешни беа студентите: Михајло Бјекиќ од Белград (прво место), Крис Лучетиќ од Загреб (второ место) и Марио Лучан од Загреб (трето место). Студентите од ФЕИТ Мино Тодоров, Ведран Симовски и Николчо Петковски ги освоија петтото, шестото и седмото место од 23 натпреварувачи во поединечна конкуренција.
Покрај натпреварувањето, се организираат и две научни сесии на кои се презентираат индустриските решенија и студентските проекти во полето на виртуелната инструментација. Во социјалниот натпревар се формираат мешовити тимови од по пет студенти од различни балкански земји. Тимовите со помош на LabVIEW програмираат LEGO роботи кои треба да одговорат на поставените проектни задачи. Покрај усовршувањето на програмските вештини во LabVIEW и натпреварувачкиот карактер, социјалниот натпревар има за цел да ги обедини и здружи натпреварувачите од различните земји учесници.
Учесниците на овогодинешниот натпревар беа избрани како најуспешни кандидати од LabVIEW академиите на соодветните универзитети. Ментори – професори на LabVIEW академиите беа доц. д-р Живко Коколански и дипл. ел. инж Бодан Велковски.
На затворањето на натпреварот во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии претставникот од National Instruments, Дамјан Дрозг ги додели наградите на победниците и врачи благодарница на ФЕИТ за организацијата и успехот на натпреварот.
Следната година осмиот балкански натпревар по LabVIEW ќе се одржи во Република Србија.

LabVIEW (Laboratory Virtual Instrumentation Electronics Workbench) претставува графички програмски јазик, пред сé наменет за инженери. Оваа програмска платформа е широко прифатена во сите универзитети во светот и се користи за научно-истражувачки и за индустриски апликативни цели. Универзитетите кои сакаат да го имплементираат LabVIEW во своите наставни содржини мора да поминат низ фаза на сертифицирање на наставниот кадар и формирање на LabVIEW академија. Ваква академија на факултетот за електротехника и информациски технологии е формирана пред 5 години кога наставниот кадар се здоби со светски признати CLAD (Certified LabVIEW Associated Developer) сертификати. Покрај тоа во последните 5 години, ФЕИТ успеа преку LabVIEW академијата да сертифицира и приближно 40 студенти.





Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk