Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Рубрика: Телекомуникации

Првиот транзисторски радиоприемник

Автор: Петар Лагудин

Објавено на: 19-10-2017 18:49



Среќен роденден на преносните транзистори.Со мало задоцнување го одележуваме 18. октомври, јубилеен ден во развојот на електрониката. Имено, токму на овој ден во далечната 1954 година фирмата Тексас Инструментс (Texas Instruments) го пушти во комерцијална продажба првиот транзисторски портабл радио-приемник наречен Риџенси ТР-1 (Regency TR-1). Тој беше направен од геманиумски PNP-транзистори и имаше скромна снага во однос на портабл-приемниците со ламби (електронски цевки), што тогаш беа во употреба. Но, сепак, појавата на Риџенси ТР-1 донесе нова дефиниција на “портабл електрониката”.
Предноста беше евидентна. Имено, тогаш постоечките портабл радио-приемници со ламби се напојуваа со електрична енергија од два одделни необновливи батериски извори, едниот за напојување на влакното за загревање на катодата, а другиот за т.н. “аноден напон”. Ова таквите портабл радио-приемници ги правеше гломазни. За разлика од нив, транзисторскиот радиоприемник Tr-1, се напојуваше од само една џебна батерија од 9V. Така Tr-1 беше поттик за натамошен технолошки развој на полето на полуспроводничката електроника, што резултираше со масовен развој во комерцијалната продукција на транзистори и транзисторски уреди.
Денес, транзисторските радиоприемници останале во употреба како едно многу популарно комуникациско средство.
Среќен роденден на преносните транзистори.

Среќен роденден на преносните транзистори.

Рекламен оглас во весник за тогашното "чудо на техниката" Regency TR-1

Рекламен оглас во весник за тогашното "чудо на техниката" Regency TR-1

Regency TR-1 како дел од американската култура. (А, ние би додале и светска.)

Regency TR-1 како дел од американската култура. (А, ние би додале и светска.)

Regency TR-1 најчесто се продавал заедно со кожена заштитна футрола.

Regency TR-1 најчесто се продавал заедно со кожена заштитна футрола.

Regency TR-1 одблиску

Regency TR-1 одблиску



Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk