Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Рубрика: Аудио и видеотехника

Засилувач Roksan Blak

Автор: Владимир Филевски

Објавено на: 27-09-2017 23:33



 Покрај океанот на аудио уреди од респектабилни големи компании конструирани во Европа и САД, но масовно изработувани во Кина, како стабилни светилници на цврстиот брег стојат малубројни тврдоглави фирми кои сѐ уште го држат целиот производен процес на дофат на својата рака. Една таква фирма е и англиската Roksan, чиишто уреди не само што се осмилени и конструирани во Лондон, туку и таму се изработуваат! За оваа прилика ви го претставуваме нивниот најнов модел на стерео засилувач, наречен Blak. Не, не е Black, иако има црна боја, туку е Blak! Крупниот алфанумерички дисплеј во ќилибарна боја му дава мекост и една топла нота на минималистичкиот црн дизајн, кој има само едно сребрено копче за потенциметарот за нагодување на јачината на звукот и три мали сребрени тастери за навигација низ менијата на дисплејот. Од задната страна, покрај стандардните RCA влезни конектори за грамофон и за останатите уреди, има и професионални балансирани XLR конкетори! Покрај нив, има и USB конектор за поврзување со компјутер, модерниот универзален извор на звук. Внатрешниот D/A конвертор е изведен со моќниот Burr-Brown DSD1794A DAC, што ги обработува сите PCM сигнали до 24-bit/192 kHz, као и 64 и 128-bit DSD сигнали. Дополнителна вредност е и AptX Bluetooth електрониката, која го поврзува вашиот смартфон со засилувачот. Тежината на засилувачот од цели 14 kg влева безрезервна доверба во декларираните 150 W по канал на 8 оми.
Засилувачот Roksan Blak беше тестиран во британските списанија Hi-Fi Choice, Hi-Fi+ и What Hi-Fi, каде ги собра сите ловорики. Звукот е оценет како моќен и цврст во басовите, но истовремено чист и деликатен во високите, со кохерентно и неутрално среднотонско подрачје.
Сите модели од засилувачите на Roksan можете да ги видите и чуете во продажниот салон на екслузивниот застапник Алфа Аудио во стариот трговски центар Капиштец, локал 12. Контакт телефон (02) 320 9 320 или посетете ја нивната веб-страница www.alfaaudio.com.mk

комерцијален напис


Клучни зборови:
Засилувач, Roksan Blak, Алфа аудио




Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk