Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Рубрика: Омнибус

Бидете безгрижни, на 23 септември нема да се случи крај на светот

Автор: Петар Лагудин

Објавено на: 22-09-2017 18:28



 Во последно време на некои интернет-страници, но и на одредени канали од порталот YouTube, присутна е опсесијата, според која на 23 септември оваа година (да, значи овој викенд :) ), ќе се случи судир на Земјата со извесна “таинствена” планета наречена Нибиру, која наводно е во нашиот сончев систем, и тоа ќе биде “крај на светот”.
Oва пророштво не е ниту прво, ниту пак единствено пророштво за “крај на светот”. Уште во 1995 год., постоеше пророштво според кое “крајот на светот ќе се случи во мај, 2003 год, кога Земјата ќе се судри со таинствената планета “X”! Но, евидентно тоа не се случи!
Меѓутоа, и покрај тоа промашување, заговорите за крајот на светот не престануваат, па повторно е одреден нов датум кога тој ќе се случи – во 2012 година! Освен тоа, дури била и “идентификувана” планетата “X”, со која Земјата ќе се судри. Таа планета е наводната планета Нибиру, која кај древните Сумери значела “одметната божествена планета”. Имено, Сумерите верувале во космологијата, но мислеле дека постојат само 5 планети. Планета Нибиру според заговарачите орбитира во периферијата во нашиот Сончев систем по многу издолжена елипсеста орбита, така што на секои 3600 години таа драстично се приближува кон Земјата загрозувајќи ја со судир!
Но, евидентно, крајот на светот не се случи ниту во 2012 година. Дури и повеќе од тоа, ниту една научна астрономска опсерваторија не утврдила постоење на некаква одметната планета на периферијата на Сончевиот систем, која би ја презела улогата на Нибиру, па поимот Нибиру престана да значи одметнато сумерско божество, туку стана крилатица за речиси секоја космичка катастрофа! Една таква наводна космичка катастрофа, требаше да биде предизвикана од кометата Еленин, која според заговарачите “ја презела улогата на Нибиру маскирана во комета, со цел да предизвика низа штети на Земјата”. Смешно и наивно, какви штети на Земјата би можела да предизвика обична грутка од мраз со пречник од само 4,5 km, која речиси и да нема гравитација, и патем кажано, помина на голема одалеченост од Земјата?!.
Меѓутоа, заговарачите за крај на светот никако да се вразумат, туку продолуваат да лансираат измислици. Па така, тие сега измислиле најнов датум за крај на светот, 23 септември оваа година. Разбирливо, ова внесе загриженост кај одреден број неуки луѓе, но еве го одговорот на вистинската наука!
Сите прикаски за крај на светот, па и оваа последната, се најобични бесмислици! Имено, ако тука би имало било каква научна вистина, веста би била објавена во бројните научни списанија и медиуми, а не само на поединечни интернет-сајтови, при што секој кој ќе објави такво нешто, воопшто не мора да е научник! Едноставно на интернет не постои начин вистината да се разликува од лагата! Но, која е целта на тие лаги? Најверојатно целта е бизнисот, имено, голем број интернет сајтови продаваат видео записи во врска со Нибиру, разни брошури и книги, па дури и опрема за преживување на катастрофата од судирот, а луѓето кои се кријат зад таквиот бизнис, го подгреваат и го искористуваат стравот на оние луѓе, коишто не се во состојба да ги разликуваат кредибилните извори на информациите од лажните!
За крај, бидете безгрижни, на 23 септември нема да се случи крај на светот, имено, светот и натаму ќе постои, па заговорачите ќе треба повторно да измислат нов датум за крај на светот!!


Клучни зборови:
крај на светот, Нибиру, 23 септември, лаги, безмислици, планета X



Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk