Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Рубрика: Макетарство и моделарство

Куп Кавадарци во спортско моделарство – категорија RC модели Ф5Ј

Автор: Перица Поповски

Објавено на: 21-09-2017 18:46



Гоце Јосифовски со победничкиот модел Ф5ЈСекоја покана за натпревар во воздухопловно моделарство ми е драга, па и оваа каде бев поканет како мерач на време (тајм кипер).
Натпреварот во категорија Ф5Ј, радиоуправувани електромоторни едрилици во дисциплина траење на лет и прецизно слетување, се одржа во организација на Воздухопловната федерација и Аеро клубот “Витачево“ на спортскиот аеродром Прилеп. Според пропозициите работното време е ограничено на 10 минути и во склоп на тоа работно време, натпреварувачите треба да полетаат и да слетаат на точно предвидената цел до растојание од 15 метра. Времето им беше извонредно наклонето на натпреварувачите што овозможи да се постигнат врвни резултати. Дури двајца натпреварувачи учествуваа со едрилици од типот Сенка (Shadow), во моментов едни од најдобрите во светот, доедка останатите имаа самоградби или набавени модели од пониска категорија. Како што е предвидено согласно правилникот на ФАИ, секој натпреварувач направи 5 лета, при што се бодуваа најдобрите во конечниот пласман.
По сумирањето на резултатите во конкуренција од 7 натпреварувачи од Битола, Прилеп, Неготино и организаторот АК “Витачево“ Кавадарци, најдобро пласиран беше Гоце Јосифовски од АК “Витачево” – Кавадарци, пред Драган Цветановски од АК “Мирко Тодоровски” од Битола и на третото место се пласира Никола Митревски исто од АК “Мирко Тодоровски” – Битола.
Како на најстар моделар присутен на манифстацијата, организаторот ми ја додели честа да ги прогласам најдобро пласираните, а со тоа и да им ги доделам плакетите. Секако, со големо задоволство ја извршив обврската и го прогласив Купот Кавадарци за затворен.
Натпреварот помина во вистинска фер борба, со размена на искуства и несебично помагање едни на други. Морам да нагласам дека на натпреварот беа присутни сите најдобри моделари со добро подготвени модели, што укажува дека Македонското воздухопловно моделарство има надежи за врвни дострели на меѓународен план. Впрочем тоа го констатира и Недан Пановски на Државното првенство во категорија Ф3А, радиоуправувани модели-акробати. Дури 6 натпреварувачи ја направија предвидената програма на акробации.
Моја забелешка е дека во иднина доследно треба да се почитуваат правилата за натпревари и собири на моделари со радиоуправувани модели. Имено првенствено организацијата на стартот и просторот за одлагање на сите радиопредватели, како и пријавување на фреквренциите што се користат. Токму заради непочитување на таа одредба на неколку изминати натпревари се случи вкрстување на фреквенциите, што предизвика оштетување на РЦ модели и за среќа немаше повреди на натпреварувач или посетител. Препорачувам и постапен премин кон нови уреди со фреквенции од 2,4 GHz кои овозможува побезбедни услови за летање на моделот.
Во глобала одличен натпревар, со присуство на селекторот за водухопловно моделартсво Здравко Тодоровски и претседателот на Комисијата за моделарство Пеце Илиевски.
На крај, уште еднаш благодарност до организаторот за поканата да присуствувам, со што помогнав како мерач на време и на крај ги доделив признанијата.


Клучни зборови:
Куп Кавадарци, спортско моделарство, рц модели, Ф5Ј, радиоуправувани модели
Гоце Јосифовски со победничкиот модел Ф5Ј

Гоце Јосифовски со победничкиот модел Ф5Ј

Модел Ф5Ј, самоградба на Горан Стевковски

Модел Ф5Ј, самоградба на Горан Стевковски

Модел Ф5Ј  Shadow

Модел Ф5Ј Shadow

Ривалството е во втор план кога некој има мака

Ривалството е во втор план кога некој има мака

Никола Митревски пред старт со моделот Сенка

Никола Митревски пред старт со моделот Сенка



Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk