Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Рубрика: Автомобилска техника

Реална потрошувачка на гориво за автомобилите на групацијата PSA

Автор: Томе Скендеровски

Објавено на: 15-09-2017 18:26



 Автомобилскиот гигант, групацијата PSA конечно попушти пред притисокот на јавноста во врска со разликите меѓу реалната и декларираната потрошувачка на гориво, и изврши тестирање на своите модели во реални услови. Тестирањето е стандардизирано според европскиот проект RDE. Според него, мерењето се врши со помош на портабл уредот (PEMS), кој е приклучен на автомобилот во текот на возењето. Клима-уредот е вклучен, а автомобилот е полн со патници и багаж (значи оптоварен). Рутата подразбира јавни патишта и се состои од возење по градски патишта во должина од 25 km, потоа 39 km возење надвор од градот и 31 km возење по автопат. Сето ова се изведува во реални услови на возење.
Резултатите за автомобилите на Пежо и на Ситроен се прикажани подолу, на сликите со табеларен приказ. Очигледно е дека реалната потрошувачка на гориво кај сите модели е поголема од фабрички декларираната којашто е изведена во лабораториски услови. Се разбира, разликата не е занемарлива и “повикува” на длабоки размислувања и анализи зошто е тоа така, а и кому му одговара оваа дискрепанца и за која цел.
Реалната потрошувачка на гориво мора да се знае и е добредојден податок за компаниите како влезен податок при проценката и планирањето на трошоците за гориво на сопствената флота на автомобили. Добро би било и останатите производители на сериски автомобили да го следат овој пример на групацијата PSA и конечно да ја објават реалната потрошувачка на гориво за своите модели на автомобили.


Клучни зборови:
Peugeot, Citroên, Ситроен, Пежо, Цитроен, PSA, потрошувачка на гориво, економичност, емисија на CO2

Потрошувачка на гориво на моделите на Пежо.

Потрошувачка на гориво на моделите на Пежо.

Потрошувачка на гориво за моделите на Ситроен.

Потрошувачка на гориво за моделите на Ситроен.



Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk