Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Рубрика: Астрономија и астронаутика

Два дена до крајот на Касини

Автор: Невенка Стојановска

Објавено на: 12-09-2017 19:09

Последните мигови на мисијата Касини (уметнички приказ)На 15 септември вселенското летало Касини ќе се нурне во атмосферата на планетата Сатурн. Латалото ќе продолжи да испраќа научни податоци сѐ дури неговите потисни мотори можат да ја задржат антената на вселенското летало вперена кон Земјата. По ова Касини ќе изгори во густата атмосфера на гасниот џин, распаѓајќи се како метеор.
Мисијата Касини официјално започна на 15-ти октомври 1997 година, а леталото влезе во орбита околу Сатурн на 30 јуни 2004 година, носејѓи ја со себе европската сонда Хајгенс. По завршувањето на првичната четиригодишна мисија, мисијата на Касини се продолуваше уште двапати. Клучните откритија вклучуваат откривање на глобален океан со индикации за хидротермална активност на месечината Енцеладус и морињата од течен метан на Титан.
И покрај тоа што вселенското летало физички ќе исчезне за два дена, огромниот број податоци собрани од негова страна за планетата Сатурн, како и нејзината магнетосфера, прстените и нејзините месечини, ќе продолжат да се обработуваат со години, носејќи нови откритија во наредните децении.
Краток преглед на мисјијата на Касини и како се очекува да изгледа неговиот крајот може да погледнете на следново видео

Сите слики употребени во овој напис се сопственост на НАСА

Клучни зборови:
Касини, вселенска мисија, сонда, вселенско летало, Касини-Хајгенс, НАСА, Сатурн, Енцеладус, Титан
Последните мигови на мисијата Касини (уметнички приказ)

Последните мигови на мисијата Касини (уметнички приказ)

Лансирањето на мисијата Касини-Хајгенс во далечната 1997 година

Лансирањето на мисијата Касини-Хајгенс во далечната 1997 година

Приближувањето на вселенсокото летало Касини до Сатурн. (уметнички приказ)

Приближувањето на вселенсокото летало Касини до Сатурн. (уметнички приказ)

На поминување над површината на Енцеладус (уметнички приказ)

На поминување над површината на Енцеладус (уметнички приказ)

Во орбита околу Сатурн

Во орбита околу Сатурн

Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk