Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Рубрика: Екологија

Учениците од 25 основни училишта собраа еден тон отпадни батерии

Автор: Невенка Стојановска

Објавено на: 12-06-2017 15:24



 При крајот на училишната година, учениците од 25 основни училишта од 11 општини во Република Македонија, собраа приближно еден тон отпадни батерии со што демонстрираа високо ниво на еколошка свест уште во рана возраст.
Големата еко акција за собирање отпадни батерии која е во организација на компанијата Елколект ДОО, започна оваа пролет и ќе трае заклучно со месец ноември, кога и официјално ќе биде објавено кое одделение во секое од 25те основни училишта, собрало најмногу отпадни батерии.
Општините кои се опфатени со оваа еко акција се: Битола, Куманово, Охрид, Гази Баба, Струмица, Босилово, Крива Паланка, Ранковце, Василево, Дебрца и Ново Село.
Во соработка со училиштата, компанијата Елколект подготви едукативно - информативен материјал и наменски еко кутии кои беа поставени на видливи места во училишните згради. Во еко кутиите учениците ги собираат отпадните батерии кои се создаваат во нивните домаќинства. и на тој начин директно спречуваат истите да завршат на комуналните депонии и со тоа ја загадат животната средина со опасни супстанции како цинк, литиум, олово, кадмиум и жива што се содржат во батериите.
Собраните количини отпадни батерии досега, се одличен показател дека учениците активно го применуваат стекнатото знаење за важноста на примарната селекција на отпадот и важноста на заштитата на животната средина.
Компанијата Елколект како лиценциран колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори, континуирано презема конкретни чекори за подигнување на јавната свест кај децата за неопходноста од примарна селекција на отпадните батерии и нивно немешање со останатите видови отпад.
Целта на Елколект при спроведување на оваа голема еко акција е да го поттикне создавањето на добри навики кај децата уште во раната возраст и да го намали количеството на отпадни батерии кои ќе завршат на депониите.
Воедно, Елколект ДОО им го честита крајот на учебната година на сите ученици, им се заблагодарува за нивниот придонес кон обезбедување на почиста животна средина и на сите им посакува весело лето.

Клучни зборови:
Батерии, отпад, екологија, Елколект






Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk