Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Рубрика: Астрономија и астронаутика

Последната задача на орбитерот од мисијата Касини

Автор: Петар Лагудин

Објавено на: 25-05-2017 11:33



 Во еден од претходните написи веќе објавивме дека мисијата “Касини - Хајгенс” (Cassini - Huygens), стаса до самиот нејзин крај по 13 годишно истражување на природата на Сатурновиот систем. Сега мисијата ја одработува нејзината последна задача; реализација на неколку истражувања од блиско растојание до простори, коишто досега не можеле да бидат истражувани, бидејќи досега немало соответни услови за тоа. Истражувањата се однесуваат на внатрешната структурата на планетата Сатурн, нејзината атмосфера, и структурата на нејзините прстени. За реализација на оваа последна задача, неопходно беше роботизираниот орбитер “Касини” да биде поставен во соответна орбита, дизајнирана периодично да минува низ празниот простор којшто постои помеѓу планетата и прстените (види ја сликата во прилог), бидејќи само таква орбита овозможува “блиски средби” со објектите кои треба да бидат истражувани. Поставувањето на орбитерот на таквата орбита е веќе реализирано со гравитацијска “помоќ” од Сатурновата месечина Титан, покрај која орбитерот прелетал за последен пат на 22 април, па така сега тој веќе се наоѓа на таа орбита. На неа тој ќе направи вкупно 22 периоди, односно 22 пати ќе помине низ празниот простор помеѓу планетата и прстенот, и со тоа 22 пати ќе се најде во оптималната најблиска положба до објектите, на кои треба да ги реализира планираните финални мерења. Ќе ги наведеме тие планирани финални мерења! Прво, за прв пат ќе биде применето директно мерење на масата на Сатурновите прстени, што ќе помогне да се одреди нивната старост и нивното потекло. Притоа ќе бидат направени и фотографии со висока резолуција на внатрешните прстени, најблиски до планетата. Второ, ќе биде направено досега најпрецизно гравитациско мерење и мерење на магнетското поле на планетата, што ќе помогне да се откријат нови сознанија за составот на нејзината внатрешна структура. И трето, ќе биде детално истражен хемискиот состав на Сатурновата атмосфера, составена во најголема мера од водород и хелиум, но, и со траги од други многу комплексни хемиски супстанци. Орбитирањето ќе заврши на 15 септември, кога орбитерот ќе нурне во атмосферата на Сатурн, и од таму последен пат ќе испраќа научни податоци за составот на Сатурновата атмосфера, и конечно ќе заврши паѓајќи на Сатурновата површина, и со тоа ќе заврши мисијата “Касини-Хајгенс”.
За крај, ние можеме уште од сега да констатираме дека, мисијата “ Касини – Хајгенс”, даде голем придонес во стекнување нови научни сознанија за природата на Сатурновиот сложен систем.



Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk