Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Рубрика: Автомобилска техника

Иднината е електричниот модел ŠKODA Vision E

Автор: Сашко Таневски

Објавено на: 30-03-2017 23:35



 Претставувањето на Škoda на автомобилскиот саем во Шангај 2017, кој ќе се одржи од 19 до 28 април, вклучува и електричен автомобил.Со претставувањето на Vision E, компанијата ја прикажува својата визија за иднината на брендот. Емотивно дизајниран, со пет врати, електричниот SUV може самостојно да помине до 500 km на електрична енергија и го исполнува нивото бр. 3 на автономност. ŠKODA интензивно работи на електрификацијата на својата гама, и ќе понуди дури пет целосно електрични модели во различни сегменти до 2025 година.
Со должина од 4,645 mm, ширина од 1,917 mm и височина од 1,550 mm, ŠKODA Vision E има забележително присуство на патот. Благодарение на долго меѓуоскино растојание од 2,850 mm, дизајнерите создадоа екстремно пространа внатрешност – што е карактеристично за сите модели на ŠKODA. Моделот има високо седење, позиција типична за SUV моделите, и многу простор во комбинација во динамичната силуета и нежно заоблена линија на покривот на ова SUV купе.
Благодарение на погонскиот систем со 225 kW, ŠKODA Vision E забрзува моментално и динамично. Максималната брзина изнесува 180 km/h. Моќните литиум јонски батерии овозможуваат опсег до 500 km. Благодарение на интелигентното управување, двата електрични мотори соработуваат со максимална ефикасност и силата ја испорачуваат на сите четири тркала. Предните и задните тркала се соодветно прилагодени со цел да обезбедат високо нивона стабилност, динамичност и безбедност.
Со Vision E, ŠKODA го прикажува и дизајнот и форми на идните електрични возила на брендот. Според последните анкети, околу 15% од сите нови автомобили би можеле да бидат целосно електрични во 2030 година, концепт автомобилот Škoda Vision E ги исполнува високите стандарди „Ниво 3“ кога станува збор за автономно возење. Моделот самостојно се движи низ сообраќајниот метеж, вози наавтопат, искачува планини со интелигентно управување и самостојно бара и се паркира на бесплатен паркинг простор. За да се овозможи сето тоа, возилото е опремено со разни сензори со различен опсег и бројни камери кои постојано ја следат состојбата во сообраќајот и околината на ŠKODA Vision E.

комерцијален напис




Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk