Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Рубрика: Екологија

Е-ОТПАД – најбрзо растечкиот вид на отпад во светот

Автор: Невенка Стојановска

Објавено на: 13-02-2017 18:41



 Загадувањето е веќе добро познат поим во целиот свет и тема на многу дебати. Информираноста на граѓаните расте, а со тоа и нивната свест за селектирање и управување со сопствениот отпад. Сепак, на глобално ниво, навистина голем број на луѓе, од навика или неинформираност, сè уште ги фрлаат своите стари електрични и електронски апарати и батерии во кантата за отпадоци заедно со остатоците од храна и органскиот отпад.
Благодарение на брзите промени во технологијата, навиките на потрошувачите и приспособувањето на цените од страна на производителите, дотраената електроника се претвори во најбрзо растечкиот вид на отпад во светот.
“До 2017, луѓето ширум целиот свет фрлиле околу 40 милијарди тони отпад годишно, еквивалентно на тежината на 126 Емпаер Стејт Билдинг згради.“
Глобално, луѓето фрлиле 42 милиони тони е-отпад во 2014. Овој број се очекува да се зголемува. Во 2017, волуменот на е-отпадот низ светот ќе тежи колку 8 големи Египетски пирамиди, според Обединетите Нации.
На листата на електрични и електронски апарати кои најчесто се заменуваат со нови во светот, а и во нашата држава, предводат мобилните телефони, најчесто заради рапидниот напредок на технологијата и желбата на луѓето да го поседуваат “најновиот“ модел, малите кујнски апарати, мониторите, телевизорите, акумулаторите, батериите итн.
Граѓаните се заинтересирани да се информираат за важноста на селектирање на отпадот, како и штетноста на овој вид отпад ако се наоѓа во нашата животна средина.
Според Законот за управување со отпад, електричниот и електронски отпад не смее да се меша со другите видови отпад. Во Македонија постојат компании со лиценци за колективно постапување со е-отпад.
Елколект како општествено одговорна компанија, заедно со своите членови, интензивно работи на организирање на системот за управување со отпад од електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори, информирање на крајните корисници за потребата од одделно собирање на отпадот, организирање на собирни центри, превземање на низа активности за укажување на потребата од преработка, реупотреба и/или рециклирање на отпадната електрична и електронска опрема, и отпадни батерии и акумулатори.
Целта на компанијата е воспоставување на функционален систем кој е близок до граѓаните и е на услуга на граѓаните, како и постигнување на Националните цели за преработка и повторна употреба на отпадната електрична и електронска опрема.
Низ процесот на постигнување на целите воедно се намалуваат можните негативни влијанија и последиците врз здравјето на луѓето и животната средина.

Локацијата на најблискиот Еко-магацин до Вас, каде можете да го оставите вашиот е-отпад, можете да ја пронајдете на веб страната на Елколект (ТУКА).



Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk