Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

ЕМИТЕР 4-6/2017

Рубрика: Металство и машинство

Конструирање за почетници (7)

Автор: Владимир Андоновиќ

Нарачај го овој број

ЕМИТЕР 4-6/2017

ЦЕНА: 200 денари



Додади во кошничка
 При развивањето на функционалната структура дури и вештиот конструктор може да се соочи со тоа како да се реши некој проблем. Во тие случаи обично помага знаењето и искуството, креативноста и смислата за конструирање, ин-туицијата итн. Методското конструирање и за овој проблем има свое специфично решение. Наместо да се бара и, случајно, да се налета на некое од можните решенија за кое никогаш не сме сигурни дали е оптимално, пропишани и разработени се методи со кои се поттикнува процесот на мис-лењето кон точно насочена цел, што доведува до зголемување на ефикасноста на работата на конструкторот.

Анализата на листата на побарувања овозможува конструкторот да се запознае со главните проблеми. Утврдените главни проблеми треба по логичен пат да се “разглобат” на парцијални проблеми, т.е. на парцијални задачи. Формулирањето на влезните и на излезните големини потребни за извршување на парцијалните задачи доведува до формулирање на парцијални функции. Секоја парцијална функција може да се реализира со повеќе елементарни функции. Поврзувањето на парцијалните функции во логична низа ја дава функционалната структура. Оваа функционална структура може да се менува со варирање на парцијалните и елементарните функции како и нивно различно поврзување. Од ова јасно произлегува можноста за создавање поголем број варијанти на решението на задачата, што, најпосле, е и одлика и предност на методскиот начин на конструирањето.
За секоја парцијална функција мора да бидат најдени извршители во облик на елементарни функции или принципи за извршување на парцијалната функција. Вака добиените принципи на решението може да се комбинираат во концепциски (или проектни) варијанти, а секоја вака добиена варијанта мора да ја исполнува главната функција.


Клучни зборови:
конвенционални помошни методи, brainstorming, Delphi, дискурзивни методи, хеуристички методи

Овој напис во целост е објавен во ЕМИТЕР 4-6/2017. Нарачајте го бројот тука.


Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk