Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

ЕМИТЕР 9-10/2016

Рубрика: Астрономија и астронаутика

Ја измеривме стапката на експлозиите на супернова во раниот универзум преку гравитациски телескоп

Автор: Тања Петрушевска

Нарачај го овој број

ЕМИТЕР 9-10/2016

ЦЕНА: 130 денари



Додади во кошничка
 Еднаш во околу сто години, супернова ќе експлодира во некоја галаксија и по неколку недели нејзиниот сјај ќе замре. Суперновите се многу ретки феномени во вселената и поради нивната минлива природа, астрономите тешко ги наоѓале во минатото. Пред 30 години, биле откривани околу две супернови месечно. Денес, ние наоѓаме супернови секојдневно. Но, овие супернови се наоѓаат типично на околу милијарда светлосни години, а тие уште подалечните, сè уште се во ограничен број.

Суперновите се една од најсветлите експлозии што постојат, па затоа и можеме да ги видиме со нашите телескопи на тие неверојатни растојанија. Како споредба, доволно е да помислиме дека нашата соседна галаксија Андромеда се наоѓа на “само” 2,5 милиони светлосни години. Сепак, ако имаме за задача да измериме колкава е стапката на супернови што експлодираат во далечната вселена, тоа нема да биде лесно. На растојанија поголеми од четири милијарди светлосни години, суперновите тешко се наоѓаат, едноставно затоа што нивната светлина станува премногу слаба кога стигнува до нас. Ова е особено проблематично за проучување на стапката експлозиите на супернова кои што се последица од смртта на масивните ѕвезди. Овој тип на супернови во просек се побледи и често се наоѓаат во средини каде што светлината е апсорбирана од прашина. Исто така, поради ширењето на вселената, светлината од оддалечените објекти се поместува на подолги бранови должини. Од Земјата, телескопските набљудувања во делот што е блиску до инфрацрвениот дел од спектарот претставуваат предизвик, бидејќи атмосферата е многу светла и променлива во овој дел од спектарот.

Клучни зборови:
супернова, стапка на експлозии, мерења, ран универзум, Биг Бенг, астрономија

Овој напис во целост е објавен во ЕМИТЕР 9-10/2016. Нарачајте го бројот тука.


Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk