Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

ЕМИТЕР 9-10/2016

Рубрика: Електроника

Електронски отстранувач на бигор (1)

Автор: Емилијан Иљоски

Нарачај го овој број

ЕМИТЕР 9-10/2016

ЦЕНА: 130 денари



Додади во кошничка
 Тврдата вода како директен причинител за создавање бигор е најголемиот непријател на електричните уреди во домаќинството, повеќекратно скратувајќи им го животниот век. Затоа ви предлагам да го изработите овој уред со цел да се намали можноста калциумовите, магнезиумовите и другите јони присутни во водата, да се таложат и да формираат бигор. Едноставен за монтажа и евтин при експлатацијата, овој уред претставува интересна алтернатива на хемиските адитиви кои се користат за оваа намена.

Уште на почетокот должен сум да напоменам дека овој уред создава променливо електромагнетно поле, односно спаѓа во класата уреди за електромагнетна обрабока на водата исто така позната како AMT (англ.: Anti-scale Magnetic Treatment - магнетна обработка против бигор). Во научните кругови тоа е контроверзна метода за намалување на ефектите на тврдата вода обработена со нејзино поминување низ променливо магнетно поле. AMT е позната уште од почетокот на минатиот век, значи повеќе од 100 години. Но оваа метода во минатото беше потполно потисната од сеприсутното и општоприфатеното хемиско омекнување на водата, воспоставено уште при крајот на Втората светска војна, односно повеќе од 70 години. Но, во последните десетина години, подигнато е нивото на еколошката свест за штетноста од користењето на разните средства за омекнување на водата, како за околината така и за човекот. Некои од нив дури потполно се забранети за употреба како сосема штетни за околината. Тоа, на пример, е случај со фосфатите во детергентите! Затоа, во последно време, AMT техниката добива сè повеќе приврзаници, иако не постојат доволно документирани студии за нејзиното дејство, па затоа принципот на работа не е доволно познат и сè уште е научно недокажан. Тоа, од своја страна, доведува до погрешни перцепции за нејзината делотворност – од нејзино потполно негирање, до припишување на волшебни својства.
Таму каде што науката не е доволно присутна – таму царуваат шпекулантите кои во секое време се подготвени да ве “пренесат жедни преку вода”. Тоа доведува до ситуација на пазарот да можете да купите AMT уред за “дебели пари”, а да не знаете дали неговото дејство е воопшто проверено! На прашањето дали делува, едни ќе ви кажат категорично ДА, а други уште покатегорично НЕ! А всушност, никој нема да може децидно да ви ја каже вистината! Тоа е причината зошто се одлучив да ви го презентирам овој уред, а вие за “мали пари” ќе можете лично да се уверите дали функционира или не! И јас се колебам по ова прашање, иако првите вакви уреди што ги имам изработено се веќе стари 20 години и доволно вода (и бигор) има поминато низ нив за да сведочи за нивното (наводно) дејство! Сепак, моите искуства се несомнено позитивни и се надевам дека ни вие нема да се разочарате доколку се одлучите да го изработите овој поект!

Клучни зборови:
бигор, тврда вода, AMT, 4046, 4011

Главни елементи и материјали:

ИК: CD4011B, 74HC4046;
Тиристор: BRx47

Овој напис во целост е објавен во ЕМИТЕР 9-10/2016. Нарачајте го бројот тука.


Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk