Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

ЕМИТЕР 9-10/2016

Рубрика: Електроника

OBD2 дијагностички интерфејс

Автор: Благој Ќупев

Нарачај го овој број

ЕМИТЕР 9-10/2016

ЦЕНА: 130 денари



Додади во кошничка
 Покрај сите безбедносни и функционални стандарди што треба да ги исполнуваат поновите генерации на возила кои сообраќаат низ целиот свет треба да обезбедат и унифициран интерфејс за дијагностика и следење на состојбата на возилата. Овој систем иницијално е поставен за да се следи загадувањето што го генерира едно возило, но потоа е проширен и со дополнителни функции за вештачење на сообраќајни незгоди и слични ситуации каде што е потребно да се провери во која состојба било возилото во одреден момент. Во овој текст ќе дадеме краток преглед на стандардот за преземање информации за состојбата на компјутерските системи коишто се дел од возилото.

Овој интерфејс е најчесто директно спрегнат со главниот компјутерски систем што управува со работата на моторот на возилото. Системот што управува со инструментите и сигналните елементи поставени на контролната табла кај понапредните возила е компјутеризиран и има пристап до возните параметри на возилото, како и до информации за состојбата на системите од возилото коишто ги презема преку интелигентен интерфејс. Овие информации се прикажуваат на контролната табла од возилото за возачот да преземе потребни активности при појава на неисправност на системите од возилото, но и за возачот да има информација за возните параметри со кои се движи возилото (брзина на движење, број на вртежи на моторот, температура на различни делови од возилото и др.). Кај поедноставните возила има само еден компјутерски систем којшто управува со сите единици од возилото и во исто време ги прикажува возните параметри на контролната табла на возилото (системите ECU и Dashboard од претходната слика се една единица во овој случај). Земајќи предвид дека контролната табла се користи за приказ на помала група на параметри кои се потребни за секојдневна употреба на возилата, за подетална дијагностика на системите во возилата, има поставено напреден комуникациски интерфејс преку кој може да се воспостави комуникација со секоја од единиците поврзани на комуникациската магистрала, вклучувајќи го и управувачкиот компјутер или компјутери доколку има повеќе од еден.
Во тек, на минатите децении, со воведување на вградливите компјутерски системи во возилата се менувале и интерфејсите за комуникација со нив, но во последно време речиси сите про-изводители на возила користат стандардизиран интерфејс за комуникација којшто е означен како OBD (кратенката доаѓа од зборовите On-Board Diagnostics, што во слободен превод значи: панел за дијагностика).

Клучни зборови:
OBD2, дијагностика, калибрирање


Овој напис во целост е објавен во ЕМИТЕР 9-10/2016. Нарачајте го бројот тука.


Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk