Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka



Услови и правила за услугата "Мали огласи" на emiter.com.mk

1. За користење на услугата "Мали огласи" на emiter.com.mk се применуваат сите услови и правила наведени во овој текст, како и соодветните законски прописи во Р. Македонија. ЕМИТЕР има право на промена на овие услови и правила во секој момент и без претходна најава, и тие ќе се применуваат веднаш по нивното објавување.
2. Прегледувањето и објавувањето на малите огласи е бесплатно, но за да објавите оглас морате да бидете регистрирани и најавени на нашиот веб-сајт.
3. Огласи примаме само преку правилно пополнетиот формулар за мали огласи поставен на овој веб-сајт.
4. Малиот оглас не може да содржи повеќе од 250 знаци (карактери) и треба да биде напишан на македонски јазик.
5. Огласите се објавуваат на сајтот автоматски по нивното испраќање од страна на корисникот / огласувачот и за нивната содржина и точност одговара единствено огласувачот.
6. ЕМИТЕР не сноси никаква одговорност за точноста на содржината во огласот и не гарантира ниту прифаќа одговорност за квалитетот и исправноста на предметите/услугите наведени во огласот.
7. ЕМИТЕР го задржува правото на корекција / уредување на огласот со цел да го допрецизира, главно во категоријата и насловот на огласот.
8. ЕМИТЕР го задржува дискреционото право да не објавува огласи чија содржина не е во делокругот на темите кои ги третира списанието или, пак, не се во согласност со овде наведените правила за огласување.
9. Огласот мора да биде пристојно и учтиво напишан. Не е дозволено објавување на огласи кои содржат недолични зборови, навреди, клевети, лични дисквалификации, закани и застрашувања; кои имаат сомнителна содржина, во кои се промовира дискриминација по која било основа и во кои се нудат/бараат/поттикнуваат незаконски предмети и активности. Секој таков оглас ќе биде отстранет од страна на администраторите во најкус можен рок откако ќе биде забележан од нив или по приговор на некој корисник.
10. Прифатените огласи ќе стојат објавени на emiter.com.mk во времетраење од 30 дена сметано од денот на објавата по што автоматски ќе бидат отстранети. Огласувачот има можност самиот да го избрише својот оглас пред истекот на овој рок преку менито "Мои огласи".
11. Секој корисник може да постави повеќе различни огласи, но не е дозволено истиот оглас да биде поставен повеќе пати во иста рубрика. Пред да поставите нов оглас за ист производ, избришете го стариот.
12. Дел од огласите објавени на сајтот emiter.com.mk по избор на уредништвото ќе бидат објавени и во списанието ЕМИТЕР.
13. Огласувачот се согласува своите податоци за контакт (име, e-mail, телефонски број, адреса), кои ги наведува во формуларот за огласот, да бидат јавно објавени на сајтот и во списанието ЕМИТЕР. ЕМИТЕР не сноси одговорност од евентуална злоупотреба на овие податоци од страна на трети лица.
14. ЕМИТЕР во никој случај и на никаков начин не учествува во купопродажните процеси за услугите и производите објавени во малите огласи и се оградува од каква било одговорност во врска со овие процеси. Сите купопродажни активности се одвиваат исклучиво помеѓу продавачот и купувачот и тие ги сносат сите ризици, права и одговорности во врска со тоа.
15. Корисникот кој зачестено нема да ги почитува правилата ќе биде суспендиран (неговата регистрација ќе биде поништена). Во случај на злоупотреби кои се незаконски, IP адресата и другите контакт-податоци на огласувачот можат да бидат соопштени на соодветните државни органи. Тоа важи и за лицата кои внесуваат лажни огласи под идентитет на друго лице.


Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk