Рубрика: Електроника
50W робустен аудиозасилувач
Автори: Славко Стојковски, Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во овој проект е изработен квалитетен робустен засилувач кој со напојување од само ±25Vdc може да испорача повеќе од 50W/4 оми или 30W/8 оми квалитетна излезна RMS моќност. Одличен е за репродукција и слушање на разновидна музика во домашен амбиент. Се одликува со релативно ниска цена за негова реализација, затоа спаѓа во т.н. група на "Low cost" аудиозасилувачи.

Овде претставениот излезен аудиозасилувач е едноставен за изработка, како што може да се види од фотографиите и електричната шема. Изработен е со стандардни компоненти со ниска цена кои лесно можат да се најдат на нашиот домашен пазар. Крајно е робустен, имено тој е неограничено отпорен на краток спој и на својот излез испорачува повеќе од 50W на 4 ома. Работи во класична класа AB. Тука сакам да дадам и еден совет. Имено, поголем број на наши читатели кои за првпат навлегуваат во лавиринтот на електрониката, а ова може да важи и за малку понапредни, на почетокот на кариерата имаат желба да изработат многу моќен аудиозасилувач (од 200W, 300W, 500W, па и многу повеќе) што со сигурност од 99 и 102% ќе ги одведе до неуспех и разочарување. Затоа искрено сакам да им препорачам да изработат најпрво аудиозасилувач со многу помала моќност, па кога ќе навлезат во тајните на електрониката нека одат понатаму. Засилувачот прикажан во овој проект може да им биде прва станица, бидејќи е оној вистинскиот – доволно едноставен за почетници, а доволно моќен за домашна употреба..

Технички карактеристики:

Влезна импеданса: 47kΩ;

Влезна чувствителност: 1,25V (за 30W/8Ω);

Фреквентен опсег: 10Hz...180kHz (при 30W/8Ω);

Изобличување (THD):

- 0,005% (за 1kHz и 1W/8Ω);

- 0,02% (за 1kHz и 25W/8Ω);

- 0,07% (за 20Hz...20kHz и 25W/8Ω).

Однос сигнал/шум: >100dB (при 1W/8Ω и опсег до 22kHz);

Излезна снага:

- 30W/8Ω (THD=0,1%);

- 56W/4Ω (THD=0,1%);

Фактор на пригушување: >350 (20Hz...20kHz, 8Ω);

Работен напон: Us=±25Vdc;

Струја на мирување: 200mA (низ Т13 и T14).

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1008
Транзистори: BDV65B, BDV64B, BD139, BD140, BC517, BC516, BC639, BC640;
Трансформатор: 230V/2x18V/120VA;
Кондензатори: 2200µF/35;
Отпорници: 0,1Ω/5W

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.