Рубрика: Електроника
Автомат за училишно ѕвонче
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Автоматот за училишно ѕвонче претставува хардверско решение на електронски уред кој автоматски ќе извршува ѕвонење на училишното ѕвонче, со што ќе го означува почетокот и крајот на училишниот час и одморите помеѓу часовите. Во споредба со софтверските решенија, уредот е релативно поедноставен. Изграден е од еден тајмер, два декадни бројачи и една "И" (AND) порта.

Убаво и носталгично е кога човек ќе се потсети на одамна заборавениот звук на школското ѕвонче. Сигурно не сте заборавиле колку долго изгледал продолжениот училишен час, кога минутата станувала вечност поради напорната проверка на знаењето. Не залудно спасоносниот звук на школското ѕвонче го нарекувавме "Ѕвонко Спасиќ". Идејата за автоматско ѕвонење на училишното ѕвонче кај поголем број на електроничари конструктори и информатичари е присутна од поодамна. Уште во времето пред ерата на персоналните компјутери, прва се наметна идејата за ротациона перфорирана плоча придвижувана со саатен механизам или моторче за програматор од машина за перење на облека. Низ перфорациите кои беа направени на одредено место на периферијата на плочата, светлинските зраци од едната страна на плочата паѓаат и го осветлуваат фотоотпорникот кој се наоѓа на другата страна. Така се активираше и се деактивираше школското ѕвонче.

Софтверските решенија не ми се допаѓаат поради потребата од континуирано работење на персонален компјутер во улога на обичен едноставен прекинувач. Каква деградација за еден персонален компјутер :). А сега, во период кога се прокламира рационалното штедење на енергијата, сигурно не е оправдана неговата употреба (потрошувачка од минимум 1kWh дневно). Останаа како идеја решенијата базирани врз дигиталната електроника или микроконтролерите. Секако дека решението со микроконтролер е најсофистицирано, но јас би се обидел за почеток да прикажам едно хардверско решение реализирано со помош на дигиталната електроника.

Непосреден повод да го изработам овој проект беше писмото на нашиот читател Љупчо Данов кој сака да изработи автоматско училишно ѕвонче и да го подари на училиштето во кое учи неговото дете. Со цел да ја поедноставам концепцијата на автоматот и да ги избегнам разликите во времетраењето на одморите, се одлучив да ја изградам и да ја објаснам основната верзија на автоматот за училишно ѕвонче: звучна индикација на почетокот и крајот на секој од осумте училишни часови и еден голем одмор од триесет минути по крајот на четвртиот час. Во спротивно, електронскиот уред значајно би се комплицирал, би биле потребни уште едно интегрирано коло (декаден бројач) и дополнителен број на диоди и транзистори со што би се усложнила изградбата на ППК поради поголемиот број на компоненти и нивното меѓусебно поврзување. Поради недефинираното и нестандардизираното времетраење и позицијата на одморите (мал, среден, голем), останувам на основната концепција која по потреба може лесно да се прошири и да се измени.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК430

ИК = NE555, CD4017; тиристор SFOR5J43

 
Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките
Автоматот за училишно ѕвоно во акција
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.